Мудрост Сирахова 44 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пофалба на предците.

1А сега да ги прославиме славните луѓе и отците на нашиот род.

2Многу славни дела Господ објави преку нив со Своето величие од века.

3Тие се првенците во своите царства и мажи по својата сила прочуени, тие давале мудри совети и пророштва објавувале;

4Тие управувале со луѓето, ги советувале и ги учеле на дело книжно;

5мудри биле нивните зборови и учењето нивно, некои од нив милозвучни напеви и песни пишувале;

6некои од нив богати и силни биле, живееле мирно во своите домови.

7Сите биле почитувани во своите племиња, и во времето додека живееле, славни биле.

8Меѓу нив им и такви што по себе име си оставиле, за да разгласува за нивната слава; а за други и спомен нема, исчезнале како никогаш да не постоеле, како никогаш да не биле, а така исто и нивните деца по нив.

9Но тоа биле луѓе побожни, чии праведни дела не се забоаваат.

10Во потомството нивно живее добро наследство; потомците нивни се во заветите;

11ќе остане потомството нивно и децата нивни поради нив.

12Потомството нивно ќе живее довека и нивната слава нема да се загуби.

13Во мир се погребани нивните тела, а имињата нивни во поколенијата ќе живеат;

14за нивната мудрост народите ќе раскажуваат и црквата нив ќе ги прославува.

15Енох на Господа Му угодил и на небо беше однесен; тој е образец за покајние за сите поколенија.

16Ное се претстави како совршен праведник; во времето на гневот обновител стана.

17Затоа за време на потопот – остаток на земјата стана.

18Завет вечен со него е направен: од потоп ништо живо веќе да не загине.

19Авраам е големиот татко на многу народи; по слава нема сличен на него.

20Тој го запази законот на Севишниот и со Него во завет беше.

21Тој завет на телото свое го утврди, и во искушенијата верен се покажа.

22Затоа Господ со заклетва му вети, дека сите народи во потомството негово ќе ги благослови.

23Му вети дека ќе го умножи како правот на земјата, дека потомството негово како ѕвездите ќе го издигне и дека на потомците негови ќе им даде наследство од море до море и од реката до крајот на земјата.

24И на Јицхак, заради татко му Авраам, Тој го потврди Својот благослов за сите луѓе и заветот;

25А тој застана и врз главата на Јаков.

26Тој штедро го награди со Своите благослови и му ја даде земјата во наследство, ја раздели на делови и во наследство му ја даде за дванаесетте племиња.

27И од него произлезе човекот на милоста, кој придоби љубов од секое суштество.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help