1 Ездра 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророкувањето на Агеја и Захарија.

1Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, син Адов, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Ерусалим во името на Бога Израилев.

2Тогаш станаа Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јосадеков, и почнаа да градат Божји дом во Ерусалим, и со нив Божјите пророци, кои што ги поддржуваа.

3Во тоа време дојдоа при нив Татнај, кнезот од оваа страна на реката, и Сатар-Вузанај, со другарите свои, и им рекоа вака: »Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидишта?«

4Тогаш ние им ги кажавме имињата на луѓето, што ја градеа таа зграда.

5Но окото на нивниот Бог беше врз старешините Јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дарија, и додека не дојде решение за таа работа.

6Еве ја содржината на писмото, што го испрати Татнај, задречен кнез, и Сатар-Вузанај со другарите свои – Афарсахејци, од онаа страна на реката, до царот Дарија.

7Во соопштението, што го испратија до него, еве што беше напишано: »До царот Дариј – секаков мир!

8Да знаеш, цару, дека ние бевме во Ерусалимската област при домот на великиот Бог; го градат со големи камења, а во ѕидиштата ставаат дрвја; таа работа врви брзо и успева во рацете нивни.

9Тогаш ги прашавме нивните старешини и им рековме вака: ‚Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидови?‘

10Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни, за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот меѓу нив.

11Тие ни одговорија со овие зборови: ‚Ние сме слуги на Бога на небото и земјата и градиме дом, што беше изграден многу години пред тоа, – а великиот цар Израилев го градеше и го доврши.

12А кога татковците наши го разгневија Бога небесен, Он ги предаде во раката на Навуходоносора, царот вавилонски, Халдеец; тој го разруши овој дом и го пресели народот во Вавилон.

13Но во првата година на Кира, царот вавилонски, цар Кир дозволи да се изгради овој дом Божји;

14уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, – цар Кир ги изнесе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Саванасар, управникот на ризницата,

15и му рече: – земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место.

16Тогаш овој Саванасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен.‘

17И така, ако му е угодно на царот, нека се побара во домот на царските скровишта, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека ја испратат царската волја за тоа.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help