Ппророк Језекиил 17 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Загатка за сегашноста и за иднината на домот Давидов.

1И би слово Господово до мене:

2»Сине човечки, предложи загатка и кажи паримија за домот Израилев.

3Кажи, вака вели Господ Бог: Голем орел со големи крилја, со долги перја, буфлест, шарен долета на Ливан и застана на врвот од еден кедар,

4ја открши најгорната гранка со гранчињата, ја донесе во Хананската земја и ја стави до градот на трговците;

5зеде од семето од онаа земја, го посеа во погодна земја и го постави до големата вода, како што се садат врбите.

6И тоа израсна и стана лоза, широка, ниска во височина, чии прачки се наведнуваа кон неа и корењата нејзини беа под неа, па стана лоза, и пушти фиданки и прачки.

7Имаше и еден друг орел со големи крилја и буфлест; и ете таа лоза се провлече кон него со корењата свои и ги рашири прачките кон него за да ја полива од браздите на расадникот свој.

8Таа беше посадена на добра земја, покрај голема вода, така што можеше да пушта ластари и да дава плод, да стене великолепна лоза.

9Кажи – така вели Господ Бог: ќе успее ли таа? нема ли да ѝ ги искорнат корењата нејзини, нема ли да ѝ ги искинат плодовите нејзини, така што таа да се исуши; сите млади ластари, што израснале од неа ќе се исушат. И не со голема сила и не многу луѓе ќе ја искорнат со корењата нејзини.

10И ете, макар што е посадена, па ќе успее ли? Нема ли да се исуши, штом ќе дувне источниот ветар? – ќе сиеисуши таа во браздата, таму каде што израснала.«

11И би слово Господово до мене:

12Кажи му на отстапничкиот дом: »зар не знаете што значи тоа?« – кажи: »ете, дојде вавилонскиот цар во Ерусалим, го фати царот негов и кнезовите негови и ги одведе при себе во Вавилон.

13Фати и друг од царски род, склучи со него сојуз и го обврза со клетва, земјаќи ги при себе силните во таа земја.

14за да биде покорно царството да не може да се крева, за да се пази сојузот и да биде цврст.

15Но тој се одметна од него, прати свои пратеници во Егиепт за да му дадат коњи и многу луѓе. Ќе успее ли тој? Ќе има ли благослов тој, што го врши тоа? Тој го нарушил сојузот и ќе успее ли?«

16»Жив да сум Јас, вели Господ Бог. – Во пребивалиштето на царот, кој го постави за цар и кому му е дадена клетва, тој го презре и го наруши сојузот свој со него. Затоа тој ќе умре при него во Вавилон.

17Со големата сила и со многубројниот народ Фараонот нема да му помогне во таа војна, кога оној ќе направи опкопи и изгради кули за погибел на многу души.

18Тој ја презре клетвата, за да го наруши сојузот, и ете ја подаде раката своја и го направи сето тоа; тој нема да успее.«

19Затоа, вака вели Господ Бог; »жив да сум Јас, Мојата клетва, која тој ја презре, и Мојот сојуз, што тој го наруши, Јас ќе го свртам врз главата негова.

20Ќе ја фрлам врз него мрежата Моја и ќе биде фатен во моите примки; ќе го одведам во Вавилон и таму ќе се судам со него за предавството негово против Мене.

21А сите бегалци негови со сета војска ќе паднат од меч, додека другите ќе бидат распрснати по сите ветрови; и ќе познаете дека јас, Господ, сум го рекол ова.«

22Така вели Господ Бог: »Ќе земам од врвот на високиот кедар – и ќе посадам; од неговите најголеми гранки ќе откинам нежно гранче и ќе го посадам на висока и величествена планина.

23На високата Израилева гора ќе го посадам – и тоа ќе пушти гранки, ќе даде плод и ќе стане величествен кедар, и ќе се собираат под него секаков вид птици, секаков вид пернати и ќе се одмараат во сенката на неговите гранки.

24И ќе разберат сите полски дрвја, дека Јас, Господ, високото дрво го снизувам, ниското го издигам, зеленото го исушувам, а сувото дрво го раззеленувам – Јас Господ го реков тоа – и ќе го направам«.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help