1. Тимотеја 3 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Какви треба да се свештенослужителите и слугите на Црквата. Главната содржина на Евангелието.

1Верно е словото: сака ли некој епископство, тој сака добра работа.

2Но епископот треба да е непорочен, маж на една жена, трезвен, целомудрен, чесен, почитуван, гостољубив, поучлив;

3не пијаница, не силеџија, не лаком, туку кроток, мирољубив и не среброљубив;

4својата куќа добро да ја управува и да има деца послушни со полно достоинство;

5зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја?

6Да не е новопокрстен, за да не се возгордее и падне во суд со ѓаволот.

7Тој треба уште да има и добро сведоштво од надворешните, за да не биде укоруван и да не падне во примката на ѓаволот.

8Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не двојазични, да не се страстни за вино, ниту лакоми за гнасна печалба;

9да ја пазат тајната на верата со чиста совест.

10И тие треба најнапред да бидат испитани, та после, ако се непорочни, да станат ѓакони.

11Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ.

12Секој од ѓаконите треба да биде маж на една жена, добро да управува со децата свои и куќата своја.

13Оти оние, што служат добро, се здобиваат со висок чин и голема слобода во верата што ја имаат во Исуса Христа.

14А ова ти го пишувам, со надеж дека скоро ќе дојдам при тебе.

15Ако некако се позабавам, да знаеш како треба да постапуваш во Божјиот дом, кој е Црква на живиот Бог, столб и тврдина на вистината.

16И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот, посведочен беше од Духот, се покажа на ангелите, беше проповедан на народите, светот Му поверува, и се вознесе во слава.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help