Мудрост Сирахова 26 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Жални работи.

1Блазе му на маж што има добра жена; двоен е бројот на неговите денови.

2Добродетелна жена – радост е за својот маж; годините на неговиот живот ќе ги исполни со мир.

3Добрата жена е голем дар; таа му се дава на оној што има страв од Господа.

4И на добар и на сиромав, додека е со неа, задоволно му е срцето и лицето му е весело во секое време.

5Од три работи срцето мое се плаши, а од четвртата се згрозува:

6од озборувања во градот, од разбунтуван народ и од лажни обвинувања, зашто сето тоа е полошо од смрт,

7но срцева болка и тага – тоа е жена кога е љубоморна на друга жена,

8и бичот на јазикот нејзин, што сите ги шиба.

9Злата жена е како јарем волски кој се движи натаму-наваму; и кој неа ја зема – тоа е исто како скорпија да фаќа.

10Жена пијана мака е голема; неизмерлив е тогаш нејзиниот срам.

11Жена блудница се познава по дрскиот поглед и по клепките на очите.

12Над ќерка бесрамна засили го надзорот; за да не ја злоупотреби дадената слобода.

13Внимавај на бесрамно око; не чуди се ако згреши против тебе;

14како од жед измачуван патник што уста отвора и пие секаква вода,

15така и таа седнува пред секој шатор и на секоја стрела тулот го отвора.

16Љубезна жена радост е на својот маж; нејзината благоразумност коските негови ги зајакнува.

17Кротка жена е дар од Господа, а добро воспитаниот човек цена нема.

18Жена срамежлива е благодат изобилна;

19Нема цена достојна за душа непорочна.

20Како што сонцето сјае на Божјите висини,

21таква е убавината на вредната жена во среденоста на нејзиниот дом.

22Како што свеќата светлее на свеќникот, таква е убавината на лицето нејзино кога е во возраст зрела;

23како златни столбови на подножја сребрени, такви се убавите нозе врз нејзините цврсти пети.

24Две работи срцето мое го жалостат, а од третата гнев ме обзема:

25кога војник страда од немаштија и кога разумните пренебрегнати биваат,

26кога некој од праведност пак на грев се враќа; за таквиот Господ мечот го приготвил.

27Трговецот одвај може грешките да ги одбегнува, а крчмарот – да се избави од грев.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help