1. Макавејска 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Поход против Идумејците и Амонитите.

1Кога соседните народи слушнаа дека жртвеникот е изграден и дека светилиштето е обновено, онака како што било пред тоа, многу се разгневија;

2па решија да го уништат родот на Јаков, кој живееше меѓу нив, и почнаа да го убиваат и да го истребуваат тој народ.

3Тогаш Јуда завојува против потомците на Есав што живееја во Идумеја, во Акрабатена, затоа што овие го беа опседнале Израел. Тој им наесе голем пораз, ги понизи и пленот им го одзеде.

4Си спомна тој и за злобата на Беановите синови, кои беа за народот стапица и сопка, поставувајќи му заседи на неговите патишта.

5Иако тие пред него се затворија во своите кули, тој ги нападна, ги проколна и ги запали нивните кули и сите што беа во нив.

6Потоа се крена против Амонитите и наиде на силна војска и многу народ и на Тимотеј, нивниот војсководец.

7Тој водеше многу борби, но тие на крајот беа уништени пред неговото лице, ги победи.

8Ги зазеде Јазир и околните села, а потоа се врати во Јудеја.

9Тогаш незнабошците, кои живееја во Галад, се собраа и се дигнаа против Израелците, кои живееја меѓу нив, за да ги избијат, но тие избегаа во тврдината Датем.

10Тие испратија писма до Јуда и до неговите браќа, во кои велеа: »Незнбошците, што се околу нас, се здружија за да нѐ уништат,

11се готват да дојдат и да ја нападнат тврдината, во која се сокриваме; Тимотеј ги предводи нивните војски;

12дојдете и избавете нѐ од нивните раце, бидејќи многумина од нас загинаа.

13Сите наши браќа, кои беа во пределите на Тоб, на смрт се предадени; нивните жени и деца ги одведоа во плен и убија околу илјада мажи.«

14Уште додека ги читаа нивните писма, ете, пристигнаа други гласници од Галилеја, во искината облека, носејќи им исти вести:

15»Против нас се собраа од Птоломеида, од Тир и Сидон и од цела незнабожечка Галилеја, сакаа да нѐ погубат.«

16Кога Јуда и народот ги слушнаа овие зборови, се собра голем собор, за да се посоветуваат што да прават за тие браќа кои се во неволја и на кои незнабошците им се закануваа со војна.

17Тогаш Јуда му рече на својот брат Шимун: »Одбери си луѓе, па појди и заштити ги твоите браќа во Галилеја, а јас и брат ми Јонатан ќе појдеме во Гилеад.«

18Го постави Јосиф, синот Захариев, и Азарија за началници на народот со другата војска во Јудеја, за да вардат.

19Ним им заповеда: велејќи: »Управувајте со овој народ, но не почнувајте никаква војна против незнабошците додека ние не се вратиме.«

20На Шимун му дадоа три илјади луѓе за неговиот поход во Галилеја, а на Јуда – осум илјади за Гилеад.

21Шимун појде во Галилеја, имаше многу борби против незнабошците и најпосле ги разби.

22Ги гонеше до портите на Птоломеида; од незнабошците паднаа три илјади борци, а тој им го зеде пленот.

23Со себе ги поведе Јудејците од Галилеја и од Арбата, заедно со нивните жени и деца, со целиот нивен имот и ги доведе во Јудеја со голема радост.

24А Јуда Макабеј и брат му Јонатан го преминаа Јордан и три дена одеа низ пустината.

25Таму ги сретнаа Набатеите, кои ги примија мирољубиво и им раскажаа сѐ што им се случило на нивните браќа во Гилеад,

26дека многумина од нив се затворени во Босора и во Босор, во Алеми и во Хасфор, Макед и Карнаим – а сите тие се големи и утврдени градови,

27а во други градови се наоѓаат во опсада и дека идниот ден е определен да ги нападнат тие тврдини, да ги преземат и да ги погубат сите во еден ден.

28Затоа Јуда веднаш со својата војска се упати кон Босор, го зазеде тој град и сите од машки пол ги изби со својот остар меч, го собра целиот плен и го изгоре со оган.

29Оттаму тргна ноќе и дојде до тврдината.

30Кога осамна зората, ги подигнаа своите очи, и, ете, пред нив многу народ, безбројно множество, кое местеше скали и справи, за да ја преземат тврдината и веќе ја напаѓаа.

31Виде Јуда дека борбата започнува и пискот од градот се издигаше кон небото, како звук од труби и многу викање.

32Тогаш Јуда им рече на своите борци: »Сега борете се за вашите браќа!«

33А тој со три одреда ги заобиколи од задната страна; затрубија со трубите и извикаа со молитва.

34Војската на Тимотеј, откако разбра дека тоа е Макабеј, избега пред него; а тој сосема ги порази: тој ден паднаа на бојното поле околу осум илјади мажи.

35Тогаш се врати во Маафа, ја опсадија и ја презеде, изби сѐ што беше машко, го зеде нејзиниот плен и ја изгоре.

36Оттаму појде и ги зазеде Хасфор, Макед, Босор и другите гилеадски градови.

37По овие настани Тимотеј собра друга војска и постави логор кај Рафон, од другата страна на потокот.

38Јуда испрати луѓе да извидат каква е војската; тие го известија, велејќи: »Со него се собрани сите незнабошци, што живеат околу нас, подготвени да војуваат – против тебе;

39тие создале голема војска; најмиле и Арапи како помошници, а логорот им е зад потокот, подготвени се да те нападнат.« Јуда појде да ги пречека.

40Кога Јуда и неговата војска се приближуваа до потокот, Тимотеј им рече на своите началници: »Ако тој прв го премине потокот и нѐ нападне, не ќе можеме да го победиме, зашто тогаш тој ќе има предимсто и ќе нѐ победи.

41Ако, пак, се уплаши и направи логор од другата страна на потокот, ние ќе појдеме кон него и ќе го победиме.«

42Кога Јуда дојде до потокот, ги остави народните писари до потокот и им заповеда, велејќи: »Не оставајте никого во логорот; сите нека одат во бој.«

43И тој прв мина преку потокот, а по него премина и сиот народ. И пред него се разбегаа сите незнабошци, го фрлија оружјето и избегаа да се сокријат во идолскиот храм што е во Карнаим.

44Тогаш Израилците го зазедоа тој град, и потоа го изгореа паганскиот храм со сите оние што беа во него; така беше победен Карнаим и веќе никој не можеше да му се противстави на Јуда.

45Потоа Јуда ги собра сите Израелци, кои беа во Гилеад, од најмал до најголем, нивните жени и деца и имотот и сето тоа множество се упати кон Јудејската земја.

46Дојдоа до Ефрон. Тоа беше голем град, многу укрепен, кој се наоѓаше на патот; не можеа да го заобиколат ни лево ни десно, така што требаше да поминат низ него,

47а жителите се беа затвориле во него, и потрите ги затрупале со камења.

48Јуда им испрати мирољубива порака: »Ќе поминеме низ вашата земја, за да се вратиме во нашата земја; нема да ви направиме никакво зло.« Но тие не сакаа да им ги отворат вратите.

49Тогаш Јуда им заповеда на своите борци секој да остане на своето место,

50борците го напаѓаа градот и го опсадуваа целиот ден и целата ноќ, и градот се предаде во негови раце.

51Јуда исече сѐ што беше во градот со својот остар меч, го урна градот до основи, го изгоре и го помина тоа место преку телата на убиените.

52И преку Јордан помина во големата рамнина, која е спроти Бет-шан.

53По патот Јуда ги прибираше заостанатите и го бодреше народот во текот на целото патување, додека дојдоа во Јудејската земја.

54Се искачија на гората Сион со веселба и со радост и принесоа сепаленици, затоа што не падна никој од нив и што се вратија во мир.

55Во оние денови, дојдека Јуда и Јонатан се наоѓаа во Гилеад, а братот Шимун во Галилеја, пред Птоломеида,

56слушнаа Јосиф, синот Захариев, и Азарија, воените началници, за славните воени подвизи што ги направиле тие,

57па си рекоа еден на друг: »Ајде и ние да се прославиме и да отпочнеме војна против незнабошците што се околу нас.«

58И така ѝ наредија на војската, која беше по нивна заповед и појдоа против Јамнија.

59Горгиј излезе од градот со своите војници, за да се бори против нив.

60Јосиф и Азарија беа принудени на бегство и беа гонети сѐ до Јудејските предели; тој ден паднаа две илјади мажи Израелци.

61Израелскиот народ претрпе голем пораз, бидејќи, сакајќи да покажат храброст, не ги послушаа Јуда и неговите браќа;

62но тие не беа од родот на оние мажи, преку кои доаѓаше спасението на Израел.

63А мажот Јуда и неговите браќа многу се прославија пред целиот Израел и пред сите народи, каде што се слушаше нивното име.

64Луѓето се собираа околу нив да ги прославуваат.

65Потоа излезе Јуда и браќата негови и војуваа против синовите на Есав во земјата, која се наоѓа на југ, ги зазеде Хеброн и околните села, ги разурна неговите тврдини и ги изгоре неговите кули околу него.

66Потоа стана и отиде да ја освои Филистејската земја и помина низ Самарија.

67Во тој ден паднаа некои од свештениците што сакаа да се прослават со својата храброст и непромислено беа навлегле во бој.

68Јуда се упати во Азот во Филистејската земја, ги разурна нивните жртвеници, со оган ги изгори нивните извајани богови, зеде плен од нивните градови и се

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help