1»Ако некој Му принесе на Господа лебна жртва, нека принесе пченично брашно, и нека го прелие со елеј, па на него нека стави ливан;
2нека ја донесе тој кај синовите Аронови, свештениците, а свештеникот да земе полна рака од брашното пченично со елеј и сиот нејзин ливан, па нека ја запали таа свештеникот на жртвеникот како спомен нејзин; тоа е жртва со пријатен мирис на Господа,
3а она што ќе остане од жртвата нека биде за Арона и за синовите негови: тоа е најголема светиња меѓу жртвите на Господа,
4Ако, пак, се принесува дар жртва од пченично брашно печена во печка, тоа нека бидат бескрасни лебови, замесени со елеј, и бесквасни питки, намажани со елеј.
5Ако ти е жртвата дар пржен во тава, нека биде со пченично брашно, земесено со елеј, без квас;
6раскрши ја на парчиња и полеј ја со елеј: тоа е жртва на Господа.
7Ако ти е дарот твој жртва од огниште, таа треба да биде направена од пченично брашно со елеј.
8И принеси ја жртвата, што си ја приготвил од тоа, на Господа: претстави ја пред свештеникот, а тој нека ја положи на жртвеникот;
9и свештеникот нека земе дел од таа жртва за спомен и нека ја изгори на жртвеникот: тоа жртва со благопријатен мирис пред Господа;
10остатокот, пак, од жртвата нека биде за Арона и синовите негови; тоа е најголема светиња меѓу жртвите на Господа.
11Секоја жртва, што Му ја принесувате на Господа, не правете ја со квас, зашто ни квас ниту мед не треба да се принесува како жртва на Господа.
12Принесувајте Му ги нив на Господа како привини од плодовите; но на жртвеникот да не се полагаат како пријатен мирис пред Господа.
13Секој дар од вашата жртва со сол засоли го, и не оставај ја жртвата своја на заветот на твојот Бог без сол: при секоја жртва принеси сол.
14Ако Му принесуваш на Господа жртва од првите житни плодови, принесувај ја како дар од своите први плодови во зрна од исчукани пресни класја, исушени на оган,
15полиј ја со елеј и стави врз неа ливан: тоа е жртва,
16а свештеникот да изгори дел од зрната и елејот со сиот ливан за спомен: тоа е принос на Господа.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
