Исаија 17 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророкувањето за пропаста на Дамаск и Израил.

1Пророштвото за Дамаск – ете, Дамаск се исклучува од бројот на градовите и ќе биде куп од урнатини.

2Градовите Ароирски ќе бидат напуштени, – ќе останат за стадата, што ќе си почиваат таму и нема да има кој да ги плаши.

3Нема да има повеќе Ефремова тврдина, ни дамаско царство и остатокот од Сирија; со нив ќе стане исто, што стана со славата на синовите Израилеви, вели Господ Саваот.

4Во оној ден ќе се намали славата на Јакова, и полното тело негово ќе ослабне.

5Исто онака ќе биде по собраното жито од жетварот, кога раката негова ќе ги ожнее класовите и кога ќе ги соберат класовите во Рефаимската долина.

6И ќе останат во него, како што станува при тресење маслинки, две – три зрна да остана на самиот врв или четири – пет на плодните гранки, вели Господ, Бог Израилев.

7Во оној ден ќе го сврти човек погледот свој кон својот Создател, очите негови ќе бидат управени кон Светецот Израилев;

8и нема да сврти очи кон жртвениците, дело на рацете свои; нема да го погледне она што го направиле прстите негови, идолите на Астарта и Ваал.

9Во оној ден утврдените негови градови ќе бидат како урнатини во гори и по планински врвови, оставени пред синовите Израилеви и сѐ ќе биде пусто.

10Зашто ти Го заборави Бога на твоето спасение, не се сеќаваше на карпата на твоето засолниште; затоа ти си уредил градини за веселби и си насадил прачки во туѓи лозја.

11Во денот, кога садеше, ти се грижеше насаденото да расте, и посеаното од тебе да цути; но во денот кога ќе собираш, ќе нема куп жетва, туку голема жалост.

12О, шум од многу народи! Шумат тие како што шуми морето. Викање на племиња! Викаат тие како што рикаат бујните води.

13Викаат народите како што рикаат бујните води; но Он ги заплаши, – и тие избегаа далеку; беа разгонети како плева по планините од ветар и како прав од виор.

14Вечерта – и ете ти ужас, но пред утрото веќе го нема. Таков е делот на нашите грабачи, жребот за нашите разрушители.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help