1»Но, кога некој принесува жртва за спасение, како свој дар на Господа, а ја принесува од говедо, било машко или женско, нека ја принесе пред Господа без недостаток;
2и нека ги положи рацете свои врз главата на дарот, и нека ја заколе пред Господа при влезот во скинијата на сведоштвото, а свештениците, синовите Аронови, нека ја измијат крвта на жртвеникот одозгора наоколу.
3Од жртвата за спасение нека Му принесат на Господа принос – лојта што ја обвива внатрешнината и сиот лој по внатрешнината.
4И обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката што е на црниот дроб: нека ја извади со бубрезите;
5синовите Аронови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со жртвата сепаленица, што е врз дрвата, на огнот кој е на жртвеникот. Тоа е жртва со благопријатен мирис пред Годспода.
6Ако, пак, Му се принесува на Господа жртва за спасение од овците, машко или женско, нека принесе таква што е без недостаток.
7Ако јагне принесува како дар свој, нека го приведе пред Господа;
8и нека ја положи раката своја врз главата на дарот свој, и нека го заколе пред вратата од скинијата на сведоштвото, а синовите Аронови нека го попрскаат жртвеникот со крвта нејзина наоколу.
9Потоа од жртвата за спасение нека ја принесат како жртва на Господа и лојта, целата опашка до грбот, сиот лој што ја обвива внатрешнината и сета маст во внатрешнината,
10и обата бубрега и лојот што е на нив и што е на бедрата, и кошулката околу црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го одделат;
11свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот; мирис пријатен, принос на Господа.
12Ако, пак, принесува како дар свој на Господа од козите, нека ја претстави пред Господа,
13и нека ги положи рацете свои врз главата негова, па нека ја заколе пред Господа пред вратата од скинијата на сведоштвото, а синовите Аронови нека ја излијат крвта врз жртвеникот одозгора наоколу.
14Потоа свештеникот од неа нека Му го принесе на Господа како принос и лојот, што ја обвива утробата и сиот лој во неа,
15и обата бубрега, и сиот лој што е околу нив, што е по бедрата, и кошулката на црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го оддели.
16А свештеникот нека го изгори на жртвеконот; тоа е принос, благопријатен мирис на Господа; сиот лој е за Господа.
17Тоа нека е вечен закон за сите ваши поколенија, во сите ваши живеалишта: никаков лој и никаква крв да не јадете.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
