Ппророк Језекиил 25 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророкување за пропаста на синовите Амонови.

1И би слово Господово до мене:

2»Сине човечки«, сврти го лицето свое кон синовите Амонови и кажи пророштво против нив,

3и речи им на синовите Амонови: »Чујте го словото на Господа Бога: така вели Господ Бог – бидејќи за Моето светилиште се вели: ‚о, о,‘ а тоа е навреда и за Израилевата земја, оти таа е опустошена, и за домот Јудин, бидејќи тие отидоа во ропство.

4Затоа, еве, Јас ќе те дадам во наследство на синовите од Исток и ќе направат при тебе колиби, ќе распнат кај тебе шатори и ќе ги јадат плодовите твои и ќе го пијат млекото твое.

5Рава ќе ја направам обор за камили, и синовите Амонови – овчари, па ќе познаете, дека Јас сум Господ.«

6Затоа вака вели Господ Бог: »Бидејќи ти плесна со рацете и тропна со ногата, со сиот презир кон земјата Израилева, душевно се зарадува,

7еве, Јас, ќе ја протегнам раката Своја против тебе и ќе те предадам да те разграбаат народите, и ќе те истребам од бројот на народите и ќе те избришам од бројот на земјите; ќе те уништам и ќе познаеш, дека Јас сум Господ.«

8Така вели Господ Бог: »Бидејќи Моав и Сеир велат: ете и домот Јудин е како сите народи.

9Еве, Јас ќе ја откријам земјата Моавска од крај до крај, за да остане без градовите што им беа украс на земјата: Бет – Јесимот, Валмеон и Киријатаим,

10за синовите од Исток и ќе им го дадам во наследство заедно со синовите Амонови, та синовите Амонови да не се спомнуваат повеќе меѓу народите.

11И Моав ќе го судам, па ќе познаат, дека Јас сум Господ.«

12Така вели Господ Бог: Бидејќи Едом жестоко му се одмаздуваше на домот Јудин и тешко згреши, со тоа што им се одмаздуваше,

13вака вели Господ Бог: »Ќе ја протегнам раката против Едом и ќе ги истребам при него луѓето и добитокот и ќе го направам пустиња. Од Теман до Дедан, сите ќе паднат од меч.

14И ќе му се одмаздам на Едом преку раката на Мојот народ, Израилот; и тие ќе дејствуваат во Идумеја по Мојот гнев и Моето негодување, па ќе го познаат Моето одмаздување«, вели Господ Бог.

15Така вели Господ Бог: »Затоа што Филистејците постапија со одмазда и се одмаздуваа со презир во душата за погибел, со вечна омраза,

16така вели Господ Бог – еве, ќе ја протегнам раката Своја над Филистејците, ќе ги истребам оние од Крит и ќе го уништам нивниот остаток покрај морскиот брег;

17и ќе извршам над нив голема одмазда со жестоки казни; па ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го извршам над нив Моето одмаздување.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help