1Еве ги оние кои исто така дојдоа при Давида во Сикелаг, кога тој уште се криеше од Кисовиот син Саула; тие беа од јунаците, што помагаа во борбата,
2вооружени со лак, фрлаа со десната и со левата рака камења и пуштаа стрели со лак, беа од браќата Саулови, од Венијамина;
3кнез беше Ахизер, по нека Јоас, синови на Сама од Гива; Јазиил и Фалит, синови Замотови; Варихија и Јуј од Анатот;
4Самија од Гаваон, јунак од триесетмина и водач на триесетмината; Еремија, Језекил, Јоанан и Јозават од Гадара;
5Елиозиј, Јеримут, Валија, Самарија, Сафатија од Аруфа;
6Елкана, Јесија, Уелиил, Језар, и Јесвал, од Кореевците;
7и Јоил и Завадија, синови на Јероама, од Гедор.
8При Давида во крепоста, во пустињата дојдоа мажи јунаци, од Гадовците, воинствени, вооружени со штит и копје; лицата нивни – лицата лавовски, брзи како елени в гора.
9Главен беше Азер, втор Авдија, трет – Алијад.
10четврти Масман, петти – Јеремија,
11шести – Јетија, седми – Елиил,
12осми Јоанан, деветти – Елзавал,
13десетти – Јеремија, единаесетти – Махавенај.
14Тие, синовите Гадови, беа војводи во војската: најмалиот над сто души, а најголемиот над илјада.
15Тие минаа преку Јордан во првиот месец, кога тој се излива од бреговите свои, и ги прогонија сите оние што живееја во долините кон исток и запад.
16Исто така и синовите Венијаминови и Јудини дојдоа во тврдината при Давида.
17Давид излезе да ги пресретне и им рече: »Ако сте дошле со мир при мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доаѓате, за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди.«
18И дух го опфати Амасија, водачот на триесеттемина, и тој рече: »Мир на тебе, Давиде, мир со тебе сине Јесеев! Мир на тебе, мир и на твоите помошници! Зашто твојот Бог ти помага.« Тогаш Давид ги прими и ги постави на чело на војската.
19И од Манасиевото племе преминаа некои кон Давида, кога војуваше со Филистејците против Саула. Но Давид не им помогна на Филистејците, зашто војводите Филистејски, откако се посоветуваа, го испратија велејќи: »За наше зло, тој ќе побегне при својот господар Саула.«
20Кога се враќаше Давид во Сикелаг, прибегнаа кон него племињата Манасиеви: Еднај, Јозавад, Михаил, Јосафат, Једиил, Елиу, Салатиј, илјадници кај Манасиевите.
21Тие му помагаа на Давида против четите на Гедур, зашто сите беа мажи храбри и беа началници на војската.
22Така секој ден придоаѓаа кај Давида на помош до толку, што неговата војска стана голема како војската Божја.
23Еве го бројот на кнезовите во војската, што дојдоа при Давида во Хеврон, за да му го предадат царството Саулово, според словото Господово;
24Јудини синови, што носеа штит и копје, имаше подготвени за војна шест илјади и осумстотини;
25од синовите Симеонови, мажи храбри, имаше во војската седум илјади и сто;
26од синовите Левиеви – четири илјади и шестотини;
27дојде и Јодај, кнез од Ароновиот род, и со него три илјади и седумстотини;
28и Садок, храбар јунак, и родот негов – дваесет и двајца кнезови;
29од синовите Венијаминови, браќата Саулови, дојдоа три илјади; но уште многумина од нив му веа верни на Сауловиот дом;
30од синовите Ефремови – дваесет илјади и осумстотини храбри јунаци, мажи прочуени во родовите свои;
31од полуплемето Манасиево – осумнаесет илјади, кои поименично беа повикани, за да одат да го зацарат Давида;
32од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Израилот; тие беа двесте кнезови, и сите браќа нивни одеа по зборовите нивни;
33од племето Завулоново имаше готови за борба, вооружени со секакви воени оружја, педесет илјади, во строј, еднодушни;
34од племето Нефталимово – илјада војводи и со нив триесет и седум илјади со штитови и копја;
35од племето Даново – дваесет и осум илјади и шестотини, спремни за војна;
36од Асира – четириесет илјади војници, подготвени за борба;
37од онаа страна на Јордан, од племето Рувимово и Гадово и од полуплемето Манасиево, сто и дваесет илјади, со секакво воено оружје.
38Сите тие борци, наредени во строј, дојдоа со полно срце во Хеврон, за да го зацарат Давида над целиот Израил. Па и сите други Израилци беа еднодушни да го зацарат Давида.
39И останаа таму при Давида три дена, јадеа и пиеја, зашто браќата им беа подготвиле сѐ за нив;
40па и оние што беа поблиску до нив, дури до Исахаровото, Завулоновото и Нефталимовото племе, им донесуваа на осли, камили, маски и волови сѐ за јадење: брашно, смокви, суво грозје, вино и елеј, како и многу ситен и крупен добиток, бидејќи радоста беше голема за Израилот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.