1Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се умножи благодатта? Никако!
2Ние, кои сме умреле за гревот, како ќе живееме во него уште?
3Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме.
4И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, та, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во обновен живот.
5Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението;
6знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот;
7бидејќи, кој умрел, тој се ослободил од гревот.
8А ако сме умреле со Христа, веруваме дека со Него и ќе живееме,
9знаејќи оти Христос, откако воскресна од мртвите, нема веќе да умира: смртта нема веќе власт над Него.
10Зашто ако умре Он, умрел еднаш за гревот, а што живее, за Бога живее.
11Па така и вие сметајте се мртви за гревот, и живи за Бога во Христа Исуса, нашиот Господ.
12И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади;
13и не дозволувајте вашите органи на гревот да станат орудија на неправдата, туку препуштете се на Бога како оживени од мртвите, а органите ваши да станат орудија на правдата.
14Гревот не треба да господари над вас, оти вие не сте под Законот, туку под благодатта.
15Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако!
16Не знаете ли дека, кому му се предавате како робови за послушност, робови сте му на оној, кому му се покорувате: или робови на гревот, за смрт, или – на послушност за оправдание?
17Но благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце му станавте послушни на оној вид учење, на кое му се предадовте.
18Откако се ослободивте од гревот, вие станавте робови на правдата.
19Ви зборувам како човек, за вашата плотска слабост. Оти, како што ги предостававте членовите ваши да бидат робови на нечистотата и беззаконието за беззаконство, така и сега оставете ги членовите ваши да бидат робови на правдата за осветување.
20Зашто, додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата.
21А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нивниот крај е смртта.
22Но сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте служители на Бога, вашиот плод е светост, а крајот – животот вечен.
23Оти, платата, што ја дава гревот, е смрт, а дарот Божји е живот вечен во Христа Исуса, нашиот Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
