1Секој пријател вели: »И јас сум ти пријател.« Но многумина пријатели се само по име.
2Не е ли тоа тага до смрт, кога пријател и другар непријател станува?
3О, лоша мисла, од каде се најде? Зошто ја покриваш земјата со подлост?
4Пријателот се радува со другарот свој кога е весел, а дојде ли тага – против него ќе биде.
5Пријателот е пријател поради стомакот, а кога војна дојде – за штит се фаќа.
6Не заборавај го пријателот во твојата душа; и кога ќе се збогатиш – спомнувај си за него.
7Секој советник советот свој го фали, но некои советуваат во своја полза.
8чувај ја душата своја од советник. Најнапред испитај што му е нужно, зашто можеби тој ќе советува за своја корист.
9Можеби тој ќе ти фрли жрепка и ќе ти рече: »Патот ти е добар«, а потоа отстрана ќе застане да види што ќе ти се случи.
10Не советувај се со оној што злото ти го сака; на завидливиот не откривај му ги твоите намери.
11Не советувај се со жена за нејзината соперница, со страшлив – за војна, со трговец – за размена, со купувач – за продажба, со завидлив – за благодарност.
12со немилосрден – за добротворство, со мрзлив – за работа.
13со годишен наемник – за крајот на работата, со мрзлив слуга – за многу работи.
14Од такви луѓе никогаш совет не слушај,
15туку обрнувај се кон побожен човек, за кого знаеш дека заповедите Божји ги извршува.
16Кој со тебе една душа има и, ако паднеш, за тебе ќе жали.
17Но најмногу на твоето срце внимавај; немаш никого поверен од него;
18душата на човека повеќе му кажува отколку седуммина стражари што на високо место стојат.
19Само, пред сѐ, моли Му се на Севишниот да те води по патот на вистината.
20Размислувањето е почеток на секоја работа; пред секоја работа потребен е совет.
21Измените на срцето се гледаат на лицето. Четири состојби се искажуваат со тоа: доброто и злото, животот и смртта – а јазикот секогаш им е госодар.
22Некој може други да поучува, а некорисен е за својата душа.
23А друг е говорник вешт но не сака; таков ќе умре од глад;
24таквиот од Господа нема благодат; затоа е лишен од секаква мудрост.
25Некој е мудар за својата душа; плодовите на знаењето на неговата уста се надежни.
26Мудрецот својот народ го поучува; плодовите од неговото знаење со надеж се полни.
27Мудриот човек изобилува со благослов; сите што ќе го видат за блажен го сметаат.
28Животот на човекот се определува по бројот на деновите, а деновите на Израел број немаат.
29Мудрецот добива доверба од својот народ; името негово ќе живее довека.
30Синко, во животот твој испитувај ја и набљудувај ја твојата душа; види што е за неа штетно, и не давај ѝ го;
31зашто за сите не сѐ е корисно; душата на секого не е расположена за сѐ.
32Не прејадувај се со секакви сладости и не лакоми се на јадења.
33Од многу јадења доаѓа болест; прејадувањето го расипува стомакот;
34од прејадување многумина умреле; кој се воздржува – животот свој го продолжува.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.