Исаија 56 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Обраќање на многубошците.

1Вака вели Господ: пазете го правосудството и вршете правда; зашто е близу спасението од Мене и откровението на Мојата правда.

2Блажен е човекот, кој го прави тоа и синот човечки, кој здраво се придржува за тоа, кој пази на саботата за да не ја оскверни и ја чува раката своја – за да не врши никакво зло.

3Синот на другоплеменикот, кој се присоединил кон Господа, да не вели: »Господ сосема ме оддели од Својот народ«, и евнухот да не рече: »Ете, јас сум суво дрво.«

4Зашто вака вели Господ за евнусите: »Оние што ги пазат Моите саботи и го избираат она, што Ми е Мене угодно, оние што цврсто се придржуваат за заветот Мој, –

5ним ќе им дадам во домот Свој и во ѕидините Свои место и име подобро, отколку на синовите и ќерките: ќе им дадам вечно име, кое нема да биде истребено.«

6И синовите на другоплемениците, што се присоединиле кон Господа, за да Му служат и да го сакаат името на Господа, да бидат слуги Негови, – сите кои ја пазат саботата да не ја осквернат и цврсто се придржуваат за заветот Мој,

7Јас ќе ги одведам на Мојата света гора и ќе ги зарадувам во Мојот дом за молитва: сепалениците нивни и жртвите нивни ќе бидат благопријатни врз Мојот жртвеник, зашто Мојот дом ќе се нарече молитвен дом за сите народи.

8Господ Бог, Кој ги собира распраснатите Израилци, вели: кон собраните кај Израилот ќе собирам и други.

9Дојдете да јадете вие, сите ѕверови полски, сите ѕверови шумски!

10Стражите нивни сите се слепи и неразумни: сите тие се неми пци, кои не можат да лаат, но лежејќи бладаат и кои сакаат да спијат.

11Тоа се пци со ненаситна душа, кои не знаат ситост; и тоа се пастири неразумни: сите, од првиот до последниот, го гледаат својот пат, својата заработка:

12»Дојдете – велат – ќе донесеме вино, ќе се напиеме сикер; и утре ќе биде истото она што и денес, дури и повеќе отколку денес.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help