1Во годината кога умре цар Озија, јас го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на одеждата Негова го исполнија целиот храм.
2Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест крилја: со две секој го криеше лицето свое, со две други ги криеше нозете свои, а со две леташе.
3И викаа еден кон друг и велеа: »Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава!«
4И се разниша, горништето на вратите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим.
5И реков: »Тешко ми мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, – а очите мои Го видоа Царот Господа Саваот!«
6Тогаш долета до мене еден од серафимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жртвеникот,
7се допре до устата моја и ми рече: »Ете, тоа се допре до устата твоја – и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очисти.«
8И го чув гласот на Господа, Кој рече: »Кого да испратам у кој ќе отиде заради нас?« А јас реков: »Еве ме мене, испрати ме мене!«
9Тогаш Он рече: »Оди и кажи му на тој народ: ‚со ушите ќе чуете и нема да разберете, и со очи ќе гледате – и нема да видите.‘
10Зашто срцето на тој народ е закоравено, и со ушите тешко слушаат и ги затвориле очите свои за да не гледаат со очи, со уши да чујат и со срце да разберат, та да се обрнат да ги излекувам.«
11И реков: »До кога, Господи?« Он рече: »Додека запустат градовите и останат без жители, и куќите без луѓе, земјата сосема не се запусти,
12додека Господ не ги оддалечи луѓето и голема пустош во таа земја да има.
13И ако остане уште десеттиот дел на неа и се врати, таа пак ќе биде разорена; но како од брест и даб, кога се и отсечени, останува коренот нивни, така светото семе ќе биде нејзин корен.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
