Јов 27 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јов тврди дека е невин и дека ја кажува вистината.

1Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:

2»Жив е Бог, Кој ме лиши од студ, и Вседржителот, Кој ја огорчи душата моја,

3зашто, додека уште здивот мој е во мене и духот Божји во ноздрите мои,

4устата моја нема да проговори неправда и јазикот мој нема да искаже лага!

5Далеку од мене да ве признаам за справедливи; додека не умрам, нема да отстапам од својата справедливост.

6Цврсто ја држев правдата своја и нема да ја пуштам; нема да ме прекори срцето мое во сите денови мои.

7Непријателот мој ќе биде како безбожник, и оној што станува против мене – како беззаконик.

8Зашто, каква надеж за лицемерниот, кога Бог ќе ја земе, кога ќе ја истргне душата негова?

9Ќе го чуе ли Бог викањето негово, кога ќе го снајде неволја?

10Ќе се утешува ли тој со Вседржителот и ќе Го повикува ли Бога во секое време?

11Ќе ви кажем што има во раката Божја; нема да сокријам што има кај Вседржителот.

12Ете, сите вие сами видовте; па зошто толку празни зборови кажувате?

13Ете, тоа е делот од Бога за беззаконикот и наследство кое насилниците го добиваат од Вседржителот.

14Ако синовите негови се умножуваат за меч; потомците негови нема да се наситат со леб.

15Оние што ќе останат по него смртта ќе ги турне во гроб, вдовиците нивни нема да плачат по нив.

16Да натрупа и сребро како прав и да приготви многу облека,

17тој ќе приготви, но ќе се облекува праведникот, а непорочниот ќе го добие среброто како свој дел.

18Си гради куќа како молец и како чувар си прави колиба;

19лиегнува да спие богат, и не станува таков; отвора очи, и не е повеќе тој.

20ужаси како голема вода ќе го стигнат; ноќе ќе го грабне луња.

21Ќе го крене источниот ветар и виор ќе го понесе, и брзо ќе го однесе од местото негово.

22Бог ќе го допушти тоа врз него и нема да го пожали, колку и да се труди да избега од рацете Негови.

23Ќе заплескаат со рацете по него и ќе му потсвирнат од местото негово!«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help