Броеви 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Жртви на племенските старешини за осветување на скинијата на сведоштвото.

1Во оној ден кога Мојсеј ја изгради скинијата и ја помаза, кога ја освети неа и сите нејзини сосуди, и жртвеникот и сите негови сосуди, и ги помаза и ги освети, –

2тогаш доведоа при него дванаесет началници Израилеви, глави на домовите нивни, старешини на племињата што го надгледуваа пребројувањето,

3и донесоа принос свој пред Господа – шест покриени коли и дванаесет волови, по една кола од двајца началници и по едно теле од секого, и го донесоа тоа пред скинијата.

4И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

5»Земи го тоа од нив; тоа ќе послужи за извршување на службите во скинијата на сведоштвото; и дај им го тоа на левитите, секому според службата негова!«

6И ги зеде Мојсеј колите и воловите и им ги предаде на левитите:

7две коли и четири вола им даде на Гирсоновите синови, според службата нивна;

8и четири коли и осум волови им даде на Мерариевите синови, според службата нивна, под надзор на Итамара, синот на свештеникот Арон;

9а на Каатовите синови не им даде, зашто нивната работа беше да го носат светилиштето: на рамо треба да го носат.

10И донесоа началниците жртви за осветување на жртвеникот во оној ден кога го помазаа, а принесоа началниците и дарови свои пред жртвеникот.

11Па му рече Господ на Мојсеја: »На ден по еден началник да донесува свој принос за обновување на жртвеникот.«

12Во првиот ден го донесе својот дар Наасон, Аминадавовиот син, од племето на Јуда;

13дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша, тешка седумдесет сикли, според свештената сикла, обете полни со пченично брашно, смешано со елеј за жртва;

14една златна кадилница, тешка десет сикли, полна со темјан;

15едно теле, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица;

16еден козел од козите – жртва за грев;

17и жртва за спасение, две јуниња, пет овни, пет козли, пет јагниња. Тоа беше дар од Наасона, Аминадавовиот син.

18Во вториот ден дар свој донесе Натанаил, Согаровиот син, началник на племето Исахарово;

19тој донесе свој принос: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша – седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;

20една златна касилница – десет сикли, полна со темјан,

21едно теле, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

22е еден козел како жртва за грев,

23и жртва за спасение – два јунца, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дарот од Натанаила, Согаровиот син.

24Во третиот ден донесе началникот на синовите Завулонови Елиав, Хелоновиот син;

25дарот му беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша – седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;

26една златна кадилница – десет сикли, полна со темјан,

27едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

28еден козел – жртва за грев,

29и жртва за спасение две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дар од Елиав, Хелоновиот син.

30Во четвртиот ден донесе началникот на Рувимовите синови Елисур, Седиуровиот син;

31дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаше – седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно со елеј за жртва;

32една златна кадилница – десет сикли, полна со темјан,

33едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

34еден козел – жртва за грев,

35и жртва за спасение две јуници, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елисур, Седиуровиот син.

36Во петтиот ден донесе началникот на Симеоновите синови Саламиил, Сурисадаевиот син;

37приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша – седумдесет сикли, според свештената сикла, обете полни со пченично брашно, и измешано со елеј за жртва;

38една златна кадилница – десет сикли, полна со кадиво,

39едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

40еден козел – жртва за грев,

41и жртва за спасение – две јуници, пет овни, пет колзли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Саламиил, Сурисадаевиот син.

42Во шестиот ден донесе началникот на Гадовите синови Елисаф, Рагуиловиот син;

43приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша – седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;

44една златна кадилница – десет сикли, полна со кадиво,

45еден козел, едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

46еден козел жртва за грев,

47и жртва за спасение – две јуници, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елисаф, Рагуиловиот син.

48Во седмиот ден донесе началникот на Ефремовите синови Елисам, Емиудовиот син;

49приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша – седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;

50една златна кадилница – десет сикли, полна со темјан,

51едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

52еден козел – жртва за грев,

53и жртва за спасение – две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елисам, Емиудовиот син.

54Во осмиот ден донесе началникот на Манасиевите синови Гамалиил, Фадасуровиот син;

55приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша – седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;

56една златна кадилница – десет сикли, полна со темјан,

57едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

58еден козел – жртва за грев,

59и жртва за спасение, две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Гамалиил, Фадасуровиот син.

60Во деветтиот ден донесе началникот на Венијаминовите синови Авидан, Гидеониевиот син;

61приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша – седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно измешано со елеј за жртва;

62една златна кадилница – десет сикли, полна со темјан,

63едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

64еден козел – жртва за грев,

65е жртва за спасение – две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишно јагниња. Тоа е дар од Авидана, Гидеониевиот син.

66Во десеттиот ден донесе началникот на Дановите синови Ахиезер, Амисадаевиот син;

67приносот негов беше една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша – седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;

68една златна кадилница – десет сикли, полна со темјан,

69едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

70еден козел – жртва за грев,

71И жртва за спасение – две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот на Ахиезер, Амисадаевиот син.

72Во единаесеттиот ден донесе началникот на Асировите синови Фагаил, Ехрановиот син;

73приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша – седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;

74една златна кадилница – десет сикли, полна со темјан,

75едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

76еден козел – жртва за грев,

77и жртва за спасение – две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Фагаил, Ехрановиот син.

78Во дванаесеттиот ден донесе началникот на Нефталимовите синови Ахиреј, Енановиот син;

79приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша – седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва.

80една златна кадилница – десет сикли, полна со темјан,

81едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,

82еден козел, жртва за грев,

83и жртва за спасение – две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Ахиреја, Енановиот син.

84Тоа беа даровите од началниците Израилеви при обновувањето на жртвеникот во денот на помазувањето негово: дванаесет сребрени чинии, дванаесет сребрени чаши, дванаесет златни кадилници.

85Во секоја чинија имаше по сто и триесет сикли сребро и во секоја чаша по седумдесет; и така, сребро во тие садови си на си – две илјади и четиристотини сикли, според свештената сикла;

86а дванаесетте златни кадилници полни со темјан, секоја имаше по десет сикли, според свештената сикла: злато во кадилниците си на си – сто и дваесет сикли.

87За сепаленици имаше вкупно: дванаесет телиња крупен добиток, дванаесет овни, дванаесет едногодишни јагниња, и жртвите со нив и прелив за нив, како и жртвите за грев дванаесет козли;

88а за спасение жртви имаше си на си: дваесет и четири телиња крупен добиток, шеесет овни, шеесет едногодишни козли, шеесет едногодишни јагниња без недостаток; тоа беа даровите при осветувањето на жртвеникот откако беше помазан.

89Кога Мојсеј влегуваше во скинијата на сведоштвото да зборува со Господа, слушаше глас, кој му говореше од поклопецот, што е над ковчегот на откровението меѓу двата

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help