1»Ако видиш теле од братот твој или овца негова заскитана на пат, не оставај ги, туку потерај ги кај братот твој;
2ако, пак, братот твој, не е близу до тебе, прибери ги во домот твој, и нека останат кај тебе, додека братот твој не ги побара, и тогаш врати му ги;
3така постапувај со оселот негов, така постапувај со облеката негова, така постапувај со секоја загубена работа на братот твој, што тој ќе ја загуби, а ти ја најдеш: од тоа не смееш да се отклонуваш.
4Ако го видиш оселот на братот твој или телето негово, паднати на патот, не оставај ги, туку крени ги со него заедно.
5Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господа, твојот Бог.
6Ако најдеш на патот птичје гнездо на некое дрво или на земја, со птички или јајца, и мајката седи над птичките или на јајцата, не ја земај мајката заедно со малите:
7мајката пушти ја, а малите земи ги, за да ти биде добро, и да ти се продолжат деновите твои.
8Ако градиш нова куќа, направи околу неа ограда, за да не предизвикаш убиства, ако падне некој од неа.
9Да не садиш во лозјето твое лози различни, па да не се осветат плодот и семињата, со кои ќе го посееш плодот на лозјето твое.
10Да не ораш со јунец и осел заедно.
11Да не облекуваш облека, ткаена мешано од волна и лен заедно.
12Направи си рески на четирите краишта од наметката твоја, со која се наметнуваш.
13Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази,
14и ја обвини за порочни дела и пушти лоши зборови за неа, и каже: ‚ја зедов оваа жена, влегов при неа, и не ја надов девица‘,
15тогаш таткото на момата и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на момата при старешините пред портата;
16и таткото на девојката нека им каже на старешините: ‚му ја дадов ќерката моја за жена на овој човек, а сега тој ја намрази,
17и ете, ја обвинува за порочни дела, велејќи: »не ја најдов ќерката твоја девица«; но еве ги девствените белези на ќерката моја.‘ И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините од тој град.
18Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат,
19и да го глобат со сто сикли сребро, и тоа да му го дадат на таткото од девојката, поради тоа што нанел зло на израилска девица; таа, пак, да си остане негова жена, и тој да не може да се разведе од неа преку целиот живот.
20Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица,
21тогаш нека ја доведат момата пред вратата на таковата ѝ куќа, и градските мажи нака ја каменуваат до смрт, бидејќи извршила срамно дело во Израилот, го осквернила татковиот дом; така истребувајте го злото од себе.
22Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена, тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт: и мажот кој лежел со жената, и жената: така истребувајте го злото од Израилот.
23Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа,
24тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги претепате со камења до смрт: момата поради тоа што не викала во градот, а мажот, поради тоа што ја осквернил свршеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе.
25Ако, пак, некој сретне во полето мома свршена, па ја силува, да биде погубен само мажот, кој лежел со неа,
26а на момата не правете ѝ ништо; кај момата нема грев за смрт: тоа е исто, како кога некој стане против ближниот свој и го убие;
27бидејќи тој ја сретнал во полето, а свршената мома и да викала, немало кој да ја спаси.
28Ако некој сретне девица несвршена, па ја силува, и ги затечат, –
29тогаш оној, што лежел со неа, да му даде на таткото од момата педесет дидрахми во сребро, а таа да биде негова жена, бидејќи тој ја осрамотил; преку целиот живот свој тој не може да се разведе од неа.
30Никој не смее да ја земе жената на таткото свој и да го открива крајот од покривката таткова.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.