Судии 15 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Самсон ги поразува Филистејците.

1По неколку дена, по жетвата на пченицата, дојде Самсон да се види со жена си, донесувајќи со себе едно јаре; и кога рече: »Ќе влезам при жена си во спалната«, татко ѝ не му дозволи да влезе.

2И рече татко н: »Јас помислив дека ти си ја намразил, па ја дадов на пријателот твој; ете, помалата сестра е поубава од неа; таа нека биде твоја неместо неа.«

3Тогаш Самсон рече: »Сега ќе бидам прав пред Филистејците, ако им сторам зло.«

4И отиде Самсон и улови триста лисици и, откако зеде свеќи, врза опашка за опашка и врза една свеќа меѓу две опашки;

5ги запали свеќите, и ги пушти лисиците во посевите филистејски та ги изгоре крстините и неожнеаното жито, и лозјата и маслиновите градини.

6И се прашуваа Филистејците: »Кој го направи тоа?« И рекоа: »Самсон, зетот на тимнатеецот, бидејќи тој му ја одзеде жената и ја даде на другарот негов.« Тогаш Филистејците отидоа и ја изгорија со оган неа и домот на татко н.

7Самсон им рече: »Иако го сторивте тоа, јас пак ќе ви се одмаздам и само тогаш ќе се успокојам.«

8И тој им ги скрши колената до бедрата, и отиде па заседна во пештерата кај карпата Итам.

9Тогаш станаа Филистејците и се улогорија во Јудеја, па се раширија дури до Лехи.

10А жителите на Јудеја запрашаа: »Зошто излеговте против нас?« Тие одговорија: »Дојдовме да го врземе Самсона, за да постапиме со него онака како што тој постапи со нас.«

11И три илјади души Јудејци отидоа до пештерата кај карпата Итам и му рекоа на Самсона: »Зар не знаеш дека Филистејците владеат над нас? Што ни направи?« Тој им одговори: »Како што постапија тие со мене, така постапив и јас со нив.«

12Тие му рекоа: »Дојдовме да те врземе, за да те предадеме во рацете на Филистејците.« А Самсон им рече: »Заколнете се дека нема да ме убиете.«

13Тие му одговорија: »Не, ние само ќе те врземе и ќе те предадеме во рацете нивни, а што се однесува до убивањето, нема да те убиеме.« И го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата.

14Кога се приближи до Лехи, Филистејците го пресретнаа со радосно викање. И Духот Господов слезе врз него, и јажињата на рацете негови станаа како изгорен лен, и врските паднаа од рацете негови.

15Па најде пресна ослина челуст, ја протегна раката, и ја зеде и уби со неа илјада души.

16И рече Самсон: »Со ослина челуст убив толку, двапати по толку, со ослина челуст убив илјада души.«

17Откако го рече тоа, ја фрли челуста од раката своја и го нарече тоа место: »Рамат-Лехи.«

18Тогаш почувствува силна жед; викна кон Господа и рече: »Ти го изврши со раката на Твојот слуга ова големо избавување; но сега ќе умрам ли од жед или ќе паднам во рацете на необрезаните.«

19И Бог ја расцепи карпата во Лехи, и потече вода од неа. Тој се напи, духот му се поврати и оживе; затоа беше наречено тоа место: »Извор на оној што се моли«, што е во Лехи и до ден денес.

20И тој беше судија над Израилот во дните на Филистејците дваесет години.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help