1Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов.
2Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Негови и од си срце Го бараат.
3Оние кои не вршат беззаконие, тие одат по Неговите патишта.
4Ти заповеда да се пазат Твоите заповеди.
5О, да се беа управиле моите патишта за да ги чувам Твоите заповеди!
6Тогаш немаше да се засрамам, гледајќи ги сите Твоие заповеди.
7Ќе Те славам Господи со чисто срце, кога ќе ги научам Твоите праведни судови.
8Ќе ги пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема.
9Како младичот ќе го запази во чистота патот свој? – Ако ги пази зборовите Твои.
10Со сето срце мое Те побарав, не отстранувај ме од Твоите заповеди.
11Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе.
12Благословен си Ти, Господи! Научи ме на Твоите наредби.
13Со устата своја ги разгласив сите судови од устата Твоја.
14По патот на Твоите сведоштва се насладувам како во секое богатство.
15Ќе размислам за Твоите заповеди и ќе го разберам патот Твој.
16Од наредбите Твои ќе се поучувам, нема да ги заборавам Твоите зброви.
17Покажи милост кон Твојот слуга, и ќе живеам и ќе ги пазам Твоите зборови.
18Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон.
19Придојден сум на земјава, не сокривај ги од мене Твоите заповеди.
20И копнее душата моја во секое време да ги сака Твоите судови.
21Им се закани на горделивите; проклети да се оние, кои се отклонуваат од Твоите заповеди.
22Отстрани го од мене прекорот и презирот, зашто ги засакав Твоите сведоштва.
23Кнезовите седат и ме клеветаат, а Твојот слуга размислува за Твоите наредби.
24Сведоштвата, пак, Твои се поука моја, а наредбите Твои – советници.
25Душата моја лежи во прав: оживи ме според зборот Твој.
26Патиштата мои ги кажав, и Ти ме чу; научи ме на Твоите наредби.
27Вразуми ме да го разберам патот на Твоите наредби и јас ќе размислувам за Твоите чудеса.
28Душата моја засолзи од тага, зацврсти ме со зборовите Твои.
29Отстрани го од мене патот на неправдата и помилуј ме со законот Твој.
30Го избрав патот на вистината, и не ги заборавив Твоите судови.
31Се приврзав за сведоштвата Твои, Господи: не ме посрамувај.
32Ќе побрзам по патот на Твоите заповеди, кога ќе го рашириш срцето мое.
33Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ќе се придржувам за нив до крај.
34Вразуми ме, и ќе се држам за законот Твој и ќе го пазам со сето срце свое.
35Постави ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав.
36Приклони го срцето мое кон Твоите сведоштва, а не кон лакомства.
37Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат.
38Во слугата Свој внеси збор Свој за да се бои од Тебе.
39Отстрани го од мене прекорот, од кој се плашам, зашто Твоите судови се благи.
40Ете, ги засакав Твоите заповеди: Оживи ме според Својата правда.
41И нека милоста Твоја, Господи, пријде на мене, и спасение од Тебе според зборовите Твои, –
42и јас ќе им одговорам на оние што ме навредуваат, зашто се надевам на зборовите Твои.
43Не одземај го сосема од устата моја словото на вистината, зашто јас се надевам на Твоите судови.
44И ќе го чувам Твојот закон засекогаш и во веки веков.
45Ќе одам слободно, зашто ги барам Твоите заповеди.
46И ќе зборувам за сведоштвата Твои пред царевите, и нема да се посрамам;
47и ќе се поучувам на Твоите заповеди, кои многу ги засакав;
48ќе ги протегнам рацете свои кон Твоите заповеди, кои ги возљубив, и ќе размислувам за Твоите наредби.
49Внуши слово кон Твојот слуга, со кое си му дал надеж.
50Таа ме утешува во неволјата моја, оти Твоето слово ме оживува.
51Горделивите го престапија законот многу, но јас не се отстранив од Твоите закони.
52Се сетив за Твоите вечни судови, Господи, и се утешував.
53Тага ме обзема од грешниците што го напуштаат Твојот закон.
54Наредбите Твоими беа песна кога патувам во некое место.
55Ноќе го споменувам името Твое, Господи, и го пазам законот Твој.
56Он стана мој, зашто ги пазам Твоите заповеди.
57Дел мој си Ти, Господи, – си реков – ќе го пазам законот Твој.
58Му се помолив на лицето Твое од сѐ срце: помилуј ме, според словото Твое.
59Размислувам за Твоите патишта и ги свртувам нозете мои кон Твоите сведоштва.
60Се подготвив и не се збунив да ги запазам Твоите заповеди.
61Замки од грешници ме опкружија, но јас не го заборавив Твојот закон.
62На полноќ станував да те величам поради Твоите праведни судови.
63Јас сум меѓу оние, што се бојат од Тебе и кои ги пазат Твоте наредби.
64Со Твојата милост, Господи, земјата е полна; научи ме на Твоите наредби.
65Добрини си му направил, Господи, на Твојот слуга според Твоето слово.
66Научи ме на добро и на разумно, зашто верувам на Твоите наредби.
67Пред моето страдање јас прегрешив; а сега го пазам Твојот збор.
68Ти си добар, Господи, и поради добрината Твоја научи ме на Твоите наредби.
69Се зголеми неправдата од гордите врз мене, но јас од сѐ срце ќе ги пазам Твоите заповеди.
70Се засири срцето мое како млеко; но јас се утешувам со Твојот закон.
71Добро ми е што ме смири, за да се научам на Твоите наредби.
72Законот на Твојата уста за мене е подобар отколку илјадници злато и сребро.
73Твоите раце месоздадоа и изградија: вразуми ме, и ќе се научам на Твоите заповеди.
74Оние, кои се бојат од Тебе, кога ќе ме видат ќе се зарадуваат, затоа што се надевав на Твоите зборови.
75Знам, Господи, дека Твоите судиви се праведни, и според справедливоста Твоја Ти ме казни.
76Па нека ми биде милоста Твоја утеха, според Твоето слово кон Твојот слуга.
77Нека пријде на мене Твојата штедрост, и јас ќе живеам, зашто законот Твој е утеха моја.
78Нека се посрамат горделивите, зашто неправедно и без вина ме обвинуваат.
79Нека се обрнат кон мене, они што се плашат од Тебе и кои ги знаат Твоите сведоштва.
80Нека биде срцето моенепорочно во Твоите наредби, та да не се посрамам.
81Копнее душата моја за Твоето спасение; јас се надевав на Твоите зборови.
82Очите мои попуштија од желба за Твоето слово велејќи: кога ќе ме утешиш?
83Заштостанав како мев на мраз, но Твоите наредби не ги заборавив.
84Колку се дните на Твојот слуга? Кога ќе извршиш суд над моите гонители?
85Законопрестапниците се подигруваат со мене спротивно на Твојот закон.
86Сите Твои заповеди се вистина. Неправедно ме гонат: помогни ми!
87За малку ќе ме убиеја на земјата, нојас не ги оставив Твоите заповеди.
88Според Твојата милост оживи ме, и јас ќе ги пазам сведоштвата од Твојата уста.
89Твоето слово, Господи, е засекогаш утврдено на небото;
90Твојата вистина е од род во род. Ти си ја поставил земјата, и таа стои.
91Според Твоја волја постои денот. Сѐ што постои, Тебе ти служи.
92Да не беше Твојот закон утеха за мене, јас ќе загинев во неволјата своја.
93Никогаш нема да ги заборавам Твоите наредби, зашто преку нив ме оживуваш.
94Твој сум јас, спаси ме, зашто ги барав Твоите наредби.
95Грешниците настојуваа да ме убијат, но јас ги разбрав сведоштвата Твои.
96Го видов крајот на секое совршенство, но Твоите заповеди се безгранични.
97Колку го засакав, Господи, Твојот закон; секој ден се поучувам од него.
98Со Својата заповед Ти ме направи помудар од непријателите мои, зашто таа е секогаш со мене.
99Станав поразумен од сите учители мои, зашто сведоштвата Твои се моја поука.
100Поумен станав од старците, зашто ги сакам Твоите заповеди.
101Ги задржувам нозете свои од секаков лош пат, за да го пазам словото Твое.
102Од твоите судови нема да се откажам, зашто Ти ме учиш.
103Колку се слатки за грлото мое зборовите Твои, послатки се од мед во устата моја.
104Преку твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој пат на неправда.
105Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја.
106Се заколнав и реков да ги пазам Твоите праведни судови, и ќе ги исполнувам.
107Многу сум нажален, оживи ме, Господи, поради Твоето слово.
108Затоа, благослови, Господи, да примиш доброволна жртва од мојата уста, и научи ме на Твоите судови.
109Душата ми е постојано во Твојата рака, но Твојот закон не го заборавив.
110Грешниците ми поставија замка, но јас не се отстранив од Твоите заповеди.
111Твоите сведоштва ги примив како вечно наследство, зашто тие се голема радост за срцето мое.
112Го натерав срцето свое да ги извршува наредбите Твои како вечно оправдание.
113Престапниците на законот ги замразив, но Твојот закон го сакам.
114Ти си мој помошник и мој заштитник: на Твојата слава се надевам.
115Иставете се од мене беззаконици, за да ги испитам заповедите на мојот Бог.
116Застапи се според Твоето слово, и јас ќе живеам; не посрамувај ме во надежта моја;
117помогни ми, и ќе се спасам: и во Твоите наредби постојано ќе се учам.
118Ти ги презираш оние, кои отстапуваат од Твоите наредби, зашто нивните мисли се неправедни.
119Сите грешници земни ги сметам како престапници, затоа засекогаш ги засакав Твоитесведоштва.
120Од страв пред Тебе трепери телото мое, и од Твоите судови се плашам.
121Јас вршев суд и правда; не предавај ме на оние што ми чинат неправда.
122Прими го Твојот слуга за негово добро, та да не ме клеветат горделивите.
123Очите ми копнеат, очекувајќи го спасението од Тебе, и словото на Твојата правда.
124Постапи со Твојот слуга според милоста Своја и научи ме на Твоите наредби.
125Слуга Твој сум јас: вразуми ме и ќе ги познаам сведоштвата Твои.
126Време е, Господи, да се дејствува: Твојот закон го разурнаа.
127Затоа ги засакав заповедите Твои и од топаз и од злато повеќе.
128Затоа се управував според сите Твои заповеди и патот на неправдата го замразив.
129Прекрасни се Твоите сведоштва: затоа душата моја ги испитуваше.
130Објавувањето на Твоите зборови ги просветува и вразумува младите.
131Ја отвори устата моја и воздивнав, зашто жеден сум за Твоите заповеди.
132Погледај кон мене и помилуј ме, како што се постапува со оние, кои го сакаат Твоето име.
133Утврди ги стапките мои според Твоето слово и не допушти со мене да овладее никакво беззаконие.
134Избави ме од човечко клеветење и ќе ги пазам Твоите заповеди,
135озари го Твојот слуга со светлината на лицето Твое, и научи ме на Твоите заповеди.
136Од очите мои потоци извори солзи, зашто не го запазив Твојот закон.
137Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди.
138Твоите сведоштва, што си ги дал, се засновани на правда и вечна вистина.
139Ревноста моја ме јаде, зашто непријателите мои ги заборавија Твоите слова.
140Твоето слово е многу чисто, и Твојот слуга го сака.
141Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавив.
142Твојата правда е вечна правда, и Твојот закон е вистина.
143Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моја поука.
144Правдата на Твоите сведоштва е вечна; вразуми ме, и ќе живеам.
145Те призивам со сето срце мое, услиши ме, Господи, – и ќе ги пазам наредбите Твои.
146Тебе Те повикувам: спаси ме, па ќе ги пазам Твоите слова.
147Ја испреварувам зората и викам: на Твоето слово се надевам.
148Очите мои се отворија пред утринската стража, за да се поучам на Твоите слова.
149Чуј го мојот глас, според милоста Своја, Господи; според Твојот суд оживи ме.
150Се приближија оние, што сакаат беззаконие; од законот Твој тие се оддалечија.
151Близок си Ти, Господи, и сите Твои заповеди се вистина.
152Одамна знам за твоите сведоштва, кои си ги утврдил засекогаш.
153Погледај на мојата потиштеност и избави ме, зашто не го заборавив Твојот закон.
154Пресуди според мојата правда и заштити ме; заради словото Твое оживи ме.
155Далеку е спасението од грешниците, зашто тие не ги побараа Твоите наредби.
156Голема е Твојата милост, Господи, според Твојот суд оживи ме.
157Многумина ме гонеа и мачеа, но од Твоите сведоштва јас не отстапив.
158Видов неразумни и тешко ми беше, зашто словата Твои не ги запазија.
159Гледаш како ги засакав заповедите Твои, оживи ме, Господи, поради Твојата милост.
160Вистината е основа на Твоите слова; и вечен е секој суд на Твојата праведност.
161Кнезовите ме гонеа без вина, но срцето мое се уплаши само од Твоите зборови.
162Се радувам на Твоето слово, како оној кој нашол големо благо.
163Ја замразив неправдата и се гнасам од неа; а Твојот закон го засакав.
164Седумпати на ден Те прославувам за судовите на Твојата правда.
165Голем е мирот кај оние, кои го сакаат Твојот закон, и за нив нема соблазна.
166Го чекав спасението од Тебе, Господи, и Твоите заповеди ги засакав.
167Душата моја ги пази Твоите сведоштва, и јас многу ги засакав.
168Ги пазам Твоите заповеди и Твоите сведоштва, зашто сите мои патишта се пред Тебе, Господи.
169Нека се приближи пред Тебе молбата моја, Господи; вразуми ме според Твоите зборови.
170Нека барањето мое дојде пред Тебе; избави ме според Твоето слово.
171Од устата моја нека се произнесе похвала, кога ќе ме научиш на Твоите наредби.
172Јазикот мој нека ги разгласи Твоите зборови, зашто сите Твои заповеди се праведни.
173Нека ми биде Твојата рака на спасение, зашто Твоите заповеди ги избрав.
174Копнеев, Господи, за спасение од Тебе и Твојот закон е мојата поука.
175Ќе живее душата моја и ќе Те слави; и Твоите судови нека ми помогнат.
176Се заблудив како загубена овца: побарај го Твојот слуга, зашто не ги заборавив Твоите заповеди.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.