Откровение 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Увод и поздрав. Видение на преобразениот Син Човечки. Тајните на седумте ѕвезди, на седумте светилници.

1Откровение на Исуса Христа, кое Му го даде Бог, за да го покаже на слугите Свои она, што треба да стане скоро. И Он го јави тоа на слугата Свој Јована, преку Својот ангел,

2кој што го посведочи словото Божјо и сведоштвото на Исуса Христа, и сѐ што виде.

3Блажен е оној, кој чита, и оние, што ги слушаат зборовите на пророштвото и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.

4Јован – до седумте цркви, што се во Азија: благодат вам и мир од Оној, Кој е, и Кој бил, и Кој иде, и од седумте духови, кои се пред Неговиот престол,

5и од Исуса Христа, Кој е верен сведок, Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нѐ возљуби и изми од нашите гревови преку Својата крв

6и Кој нѐ направи пред Бога и Својот Отец цареви и свештеници, слава и држава во веки веков. Амин!

7Ете, иде со облаците, и ќе Го види секое око, и оние, што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите земни племиња. Да. Амин!

8Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој бил, и Кој иде, Седржителот.

9Јас, Јован, кој што сум и брат ваш и соучесник во скрбта и во царството и во трпението на Исуса Христа, бев на островот, наречен Патмос, заради словот Божјо и заради сведоштвото за Исуса Христа.

10Еден неделен ден бев обземен од дух и зад себе чув силен глас како од труба, кој велеше: »Јас сум Алфа и Омега, првиот и последниот;

11и тоа, што ќе го видиш, напиши го во книга и испрати го до седумте цркви, што се во Азија: во Ефес и во Смирна, во Пергам и во Тиатир, во Сард, во Филаделфија и во Лаодикија!«

12И се обѕрнав за да го видам гласот, што зборуваше со мене; и, откако се обѕрнав, видов седум златни светилници,

13а сред седумте светилници еден, сличен на Синот Човечки, облечен во долга облека до нозете и по градите препашан со златен појас;

14главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен;

15нозете Негови – слични на светол бакар, како во печка вжарени, а гласот Негов – како шум од многу води.

16Во Својата десна рака Он држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; лицето Негово светеше како што сонцето сјае во својата сила.

17Штом Го видов, паднав пред нозете Негови како мртов. Он ја сложи Својата десна рака врз мене и ми рече: »Не бој се! Јас сум Првиот и Последниот

18и Живиот. Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови. Амин! И ги имам клучевите од адот и смртта.

19И така напиши, што виде, што е и што има да стане по тоа.

20Ова е тајната на седумте ѕвезди, што ги виде во Мојата десница, и на седумте златни светилници: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви – а седумте светилници, што ги виде, се седумте цркви.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help