Второзаконие 23 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Само честити и здрави луѓе се примаат во соборот Господен. Разни закони.

1Оној што е скопен или кастрен не влегува во општеството Господово:

2ниту син на блудница да влегува во Господовиот храм, ни десеттото колено негово.

3Амониец и Моавец не смее да влегува во храмот Господов; и дури ни десеттото колено нивно да не влегуваат во храмот Господов, па и довека,

4затоа што тие не ве престретнаа со леб и вода по патот, кога бевте излегле од Египет, и затоа што го наговорија против тебе Валаам Веоровиот син, од Месопотамија, за да те проколне.

5Но Господ, твојот Бог, не сакаше да го чуе Валаама и ја обрна Господ, твојот Бог, клетвата негова во благослов за тебе, бидејќи Господ твојот Бог те засака;

6не пожелувај им ни мир, ни добрина преку сите твои денови довека.

7Не гнаси се од Идумеец, бидејќи тој е твој брат; не гнаси се од Египтјанин, зашто ти беше придојден во земјата негова;

8Синовите нивни, родени во трето колено, можат да влезат во храмот Господов.

9Кога одиш во бој против непријателите свои, пази се од сѐ што е лошо.

10Ако кај тебе има некој нечист од ноќен излив, тој треба да излезе надвор од логорот и да не влегува во логорот;

11а вечерта да го измие телото свое со вода, и по зајдисонце нека влезе во логорот.

12Ти треба да имаш место надвор од станот, каде што ќе одиш сам;

13освен рилец во појасот, ти треба да имаш лопатка; па кога ќе одиш таму надвор, ископај со неа земја и потоа покри ја со неа нечистотијата своја,

14бидејќи Господ, твојот Бог, дојде во логорот твој, за да те избави и да ги предаде непријателите твои во твои раце; затоа логорот твој треба да биде свет, за да не види Он кај тебе нешто нечисто и да не се оттргне од тебе.

15Не предавај го робот на господарот негов, кога ќе избега при тебе од господарот негов;

16нека живее со тебе, меѓу вас нека живее во секое место, што ќе му биде угодно; не го оскрбувај.

17Блудница од Израилевите ќерки да нема, и блудник да нема од синовите Израилеви.

18Во домот на Господа, твојот Бог, не принесувај блудничка награда, ниту цена од пес, за никаков завет, бидејќи и едното и другото се одвратност пред Господа, твојот Бог.

19Не му давај на братот свој со лихва, ниту сребро, ниту храна, ниту нешто друго, што се дава во заем со лихва;

20на туѓинец давај му со лихва, а на братот свој не му давај со лихва; за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите твои работи на земјата, во која одиш да ја наследиш.

21Ако Му дадеш завет на Господа, твојот Бог, бездруго исполни го, зашто Господ, твојот Бог, ќе го побара од тебе и врз тебе ќе падне грев;

22ако, пак, не си ветил, нема да имаш грев.

23Она што ќе излезе од устата твоја, запазувај го и исполнувај го, бидејќи со образ си Му ветил дар на Господа, твојот Бог, и доброволно си го кажал со устата своја.

24Ако влезеш во нивата на ближниот свој, земи класја во рацете свои, но срп да не земаш.

25Кога ќе влезеш во лозјето на ближниот свој, грозје можеш да јадеш колку што душата ти сака, но не клавај во садови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help