1Споменот за Јошијаху е како мирзлив темјан, приготвен од вешт мироварец;
2во секоја уста ќе биде сладок како мед и како музика, на гозба при служење со вино.
3Тој направи сѐ за обраќањето на народот и ги истреби одвратностите на беззаконието;
4кон Господа срцето свое го сврти и во тоа безбожно време побожноста е засили.
5Освен Давид, Езекија и Јошијаху, сите тешко згрешија,
6зашто тие го напуштија законот на Севишниот и јудејските цареви ги снема,
7зашто силата своја им ја предадоја на други и славата своја – на туѓи народи.
8Избраниот град на светињата беше изгорен и улиците негови беа опустошени, како што претскажал Еремија.
9Него го жалостеа, иако тој беше осветен за пророк, да искоренува, да соборува и да уништува, како и да гради и да сади.
10Језекил го виде јавувањето на славата, која му ја покажа Бог во херувимска кола;
11за непријателите напомнуваше во вид на дожд и добро им најавуваше на оние, кои ги исправуваа своите патишта.
12И дванаесетте пророци – коските да им процутат во нивните гробови! – Јакова го утешуваа и го спасуваа со својата вистинска надеж.
13И Зоровавел како да го прославиме? И тој е како прстен на десната рака,
14а исто така и Исус, Јоцадаковиот син, тие во своето време изградија дом и го востановија светиот храм на Господа, за вечна слава предодреден.
15Голем е споменот и на Неемија, кој ги изгради паднатите градски ѕидови и постави врати и резиња, а ги обнови и урнатите куќи.
16Немало на земјата никој од создадените како Енох; тој беше однесен жив од земјата,
17и не се родил маж како Јосиф, глава на браќата, поткрепа на народот; и коските негови беа почитувани.
18И Шем и Шет меѓу луѓето беа славени, но Адам е над сите живи созданија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
