Мудри Соломонови Изреки 28 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

За нечесните и за праведниците.

1Нечесниот бега, кога никој не го гони; а праведниот е смел како лав.

2Кога земјата ќе отстапи од законот, тогаш во неа има многу началници; а при разумен и вешт маж управата е долговечна.

3Човекот сиромав што врши зло на слабите и исто како излеан дожд, од кој полза нема.

4Отстапниците од законот ги фалат нечесните, а оние што Го бараат Господа, негодуваат против нив.

5Лошите луѓе не ја разбираат справедливоста, а оние, што го бараат Господа, разбираат сѐ.

6Подобро сиромав, кој оди во својата непорочност, отколку оној, што ги искривува своите патишта, макар и да е богат.

7Кој го пази законот, е разумен син, а кој се дружи со расипници, го срами татка си.

8Кој го умножува имотот свој преку нечесност и лихва, тој го собира за добротворецот на сиромасите.

9Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна.

10Кој ги упатува праведните кон патот на злото, сам ќе падне во јамата своја, а непорочните ќе наследат добро.

11Богатиот човек се смета за мудрец, меѓутоа, умен сиромав ќе го разобличи.

12Кога праведници победуваат, голема е славата, но кога нечесните се издигаат, луѓе гинат.

13Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се освестува и ги остава, ќе биде помилуван.

14Блажен е оној човек, кој секогаш се бои; а кој го ожесточува срцето свое, ќе падне во неволја.

15Лав што рика и мечка гладна, тоа е нечесниот властодржец над беден народ.

16Неразумен управител врши многу угнетувања, а кој го мрази користољубието, ќе има долги дни.

17Човекот, виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб, за да не го фати некој. Казнувај го синот твој, и ќе те засака: ќе ја весели твојата душа; нема нечесните да ги слуша.

18Кој оди непорочно, ќе биде неповреден; а кој оди по криви патишта, ќе падне на еден од нив.

19Кој си ја обработува земјата, ќе се наситува со леб, а кој е мрзлив и не работи, ќе се насити со сиромаштија.

20Верен човек ќе биде многу благословуван, а кој бара да се збогати, не останува без казна.

21Не е добро кога некој не се срамува од праведните: таков човек и за парче леб ќе изврши неправда.

22Завидлив човек брза кон богатството и не мисли, дека сиромаштијата ќе го стигне.

23Кој разобличува човек, отпосле ќе најде поголема благонаклоност, отколку оној, што му ласка со јазикот.

24Кој го краде татка си и мајка си и вели: »тоа не е грев« тој им е соучесник на грабителите.

25Гордиот се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ќе биде спасен.

26Кој се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ќе биде спасен.

27Кој дава на сиромав, нема да осиромаши; а кој ги крие очите од него, ќе биде проколнуван.

28Кога нечесните се издигаат, луѓето се кријат, а кога паѓаат, праведниците се умножуваат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help