Мудрост Сирахова 38 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Лек, болест и жалост.

1Почитувај лекар со чест поради неговата служба, зашто Господ го создал.

2Лекувањето од Севишниот доаѓа, како дар што се добива од цар.

3Знаењето лекарот го прославува; и меѓу големци ќе биде на чест.

4Господ од земјата создал лекарства; човек разумен не ги отфрла.

5Нели преку дрвото стана водата слатка, за да се види Неговата сила?

6Затоа на луѓето им дал знаење, за да Го прослават во Неговите чудесни дела;

7со нив Тој човекот го лекува и болестите негови ги отклонува;

8оној што готви лекови, од нив прави смеса; на делата негови нема крај, а преку нив добро станува по лицето на целата земја.

9Синко, во болеста твоја не биди немарен; моли Му се на Господа, Тој ќе те излекува.

10Остави го грешниот живот, крени ги рацете и очисти го срцето од секаков грев.

11Принеси жртва добромирисна и спомен – жртва од првокласно брашно, а врз неа прелив од масло според можностите твои.

12А и на лекарот дај му место. И него Господ го создал; од тебе не оддалечувај го, зашто и тој ти е потребен.

13Понекогаш и во рацете на лекарите има спас;

14и тие на Бога Му се молат, за да им помогне на болниот олеснување да му дадат и исцеление за продолжување на животот.

15Оној, кој греши пред Господа, нека падне во рацете на лекарот!

16Синко, солзи пролеј над умрен и, како да си во голема несреќа, почни да плачеш; пристојно облечи му го телото и не однесувај се небрежно кон погребението негово.

17Горчливо плачи и со чувство – ридај; и, според достоинството негово, продолжи да жалиш по него, ден или два, за да ја избегнеш осудата, а потоа утеши се од жалоста.

18Зашто од тагата настанува смрт; искрено жалење ги истоштува силите.

19Со злото оди и жалоста; и животот на сиромавиот е тежок за срцето.

20Срцето твое не предавај го на жалоста, и отстранувај ја од себеси, мислејќи на крајот.

21И не заборавај! Враќање нема; нему не му користиш, а на себе штета си правиш.

22Спомни си на мојата пресуда, зашто таа е иста и над тебе: »Вчера мене, а денес – тебе!«

23Со упокојување на мртвиот, и споменот негов упокој го; утеши се откако ќе излезе душата негова.

24Во слободно време книжна мудрост се добива; кој има слободно време, мудрост придобива.

25Како може мудар да стане оној што со рало работи и со бич се фали, кој волови тера и е зафатен со работа околу нив, а најчесто разговор само со јунци води?

26Срцето му е зафатено со тоа бразди да прави, а грижата негова е: на телињата крма да им даде.

27Така е и со ѕидарите и дрводелците, коишто работат ден и ноќ; така е и со оние што резба прават и постојано се трудат околу измислување на нови шари;

28со сите сили се трудат сликата нивна да личи на она што го прават; и се гричат за да го усовршат своето дело.

29Така е и со ковачот, кој стои покрај наковалната и размислува за своето дело од железо; димот од огнот телото му го истоштува, а тој се бори со горештината од огнот;

30Звукот од чукот ушите негови ги заглушува, а очите му се вперени – на образецот пред него;

31со срце се стреми кон крајот на делото, грижата му е да го оформи до совршенство.

32Тоа и грнчарот го прави: седи кај работата и со нозете тркалото го врти,

33опфатен со грижа за делото свое, сите негови движења однапред се смислени:

34со раката ссвоја на глината облик ѝ дава, а со нозете ја гмечи – мека да биде;

35со срцето копнее – садови добри да направи, и се грижи да ја очисти печката.

36Сите на рацете свои се надеваат, секој ја усовршува својата работа.

37Без нив град не се изградува, ни жители се населуваат да живеат во него,

38на собир во собранија нив не ги канат, на судски места не седат, не расправаат за судски дела, не бранат и пресуди не донесуваат; ги нема ни меѓу творците на мудри мисли.

39Но тие го одржуваат животот на светот; молитвата им е насочена кон успехот на нивното уметничко дело.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help