Мудрост Сирахова 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Однесување со луѓето.

1Не биди љубоморен на својата сакана жена: не давај ѝ лош пример против себе самиот.

2На твојата жена не предавај ѝ ја твојата душа, за да не се побуни против тебе.

3До блудница не приближувај се, за да не паднеш во нејзните примки.

4Со пејачка не дружи се: со уметноста своја може да те плени.

5Не загледувај се во девојка, за да не бидеш соблазнет од нејзината убавина.

6На блудница не давај ѝ ја својата душа, за да не го загубиш твојот имот.

7Не обѕрнувај се по улиците на градот и не талкај по неговите пусти делови.

8Убава жена не гледај; не загледувај се во туѓа убавина.

9Женската убавина многумина заведува; од неа како од оган се распалуваат страстите.

10Со жена омажена никогаш не седи, вино не пиј заедно со неа;

11душата твоја да се не приврзе за неа; обземен од страсти – в бездна да не пропаднеш.

12Стар пријател не отфрлај; новиот со него не се споредува;

13новиот пријател е како ново вино; кога стане старо – со наслада го пиеш.

14На славата на грешникот не завидувај, зашто не знаеш каков ќе му биде крајот.

15Не одобрувај го она што го прават безбожниците; помни дека нема да им трае среќата до пеколот.

16Далеку биди од човек што има власт да убива, па страв смртен нема да те прогонува,

17а ако се зближиш со него, добро пази се да не загинеш;

18Знај дека сред стапица одиш, дека по врвовите на ѕидините градски чекориш.

19Со ближните свои дружи се, но со мудрите советувај се.

20Разговор води со разумни луѓе; зборовите твои според законот на Севишниот да бидат.

21Со мажи праведни лебот твој дели го; во стравот Господен нека ти биде славата.

22Споед раката на уметникот се пофалува делото, а владетелот на народот – според неговите зборови.

23Во градот се плашат од човек со дрзок јазик и го мразат оној којшто неразумно говори.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help