1Бог ни е нам прибежиште и сила, помошник, на секој кој вомака ќе се најде.
2Затоа нема да се уплашам, па макар и земјата да се разниша, и горите да се преместат во срцето морско.
3Збучеа и се креваа водите нивни, се затесоа горите од жестината нивна.
4Речните потоци го веселат Божјиот град, Севишниот го осветли живеалиштето Свое.
5Бог е среде него; тоа нема да се разниша: Бог ќе му помогне уште пред зори.
6Се збунија народите; се потресоа царствата; Севишниот го пушти Својот глас, и земјата се затресе.
7Господ на силите е со нас, Јакововиот Бог е наш застапник.
8Дојдете и видете ги делата Божји – чудесата што ги направи Он на земјата.
9Прекратувајќи ги војните до крајот на земјата, ќе го скрши лакот и ќе го здроби оружјето, и штитовите големи со оган ќе ги изгори.
10Застанете и разберете дека Јас сум Бог; ќе се издигам над народите и ќе се превознесувам над земјата.
11Господ на силите е со нас, Јакововиот Бог е наш застапник.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
