1Нека те услиши Господ во тежок ден, да те заштити името на Бога Јаковов.
2Да ти испрати помош од Светилиштето и од Сион да те поткрепи.
3Нека си спомни за секоја твоја жртва; и сепалениците твои да бидат примени.
4Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни.
5Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во името на нашиот Бог ќе се издигнеме. Да ги исполни Господ сите твои молби.
6Сега знам дека Господ го спасува Својот помазаник, го слуша од светите Свои небеса; спасението е во силата на Неговата десница.
7Едни – со коли, други – со коњи, а ние со името на Господа, нашиот Бог, се фалиме:
8тие се препнаа и паднаа, а ние се кренавме и стоиме прави.
9Господи, спаси го царот и услиши нѐ кога Ти се молиме!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
