Броеви 25 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Казни поради прељуба и поклонување на други богови.

1Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав;

2и ги покануваа тие да принесуваат жртва на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се клањаше на боговите нивни.

3И му се поклони Израилот на Ваал-Фегор. И се разгори гневот Господов против Израилот.

4И му рече Господ на Мојсеја: »Земи ги сите началници народни и разобличи ги пред Господа спроти сонцето, и ќе се одврати јаросниот гнев Господов од Израилот.«

5Тогаш Мојсеј им рече на племињата Израилеви: »Секој нека ги убие своите луѓе, што му служат на Ваал-Фегор.«

6И ете, еден од синовите Израилеви дојде и доведе при братот свој една Мадијамка, пред очите на Мојсеја, и пред очите на целото општество на синовите Израилеви, кога тие плачеа при влезот од скинијата на сведоштвото.

7Финес, синот на Елеазара, син на свештеникот Арон, кога го виде тоа, стана среде општеството и зеде во раката копје,

8и влезе по Израилецот во блудилиштето и ги прободе и обајцата: Израилецот и жената во утробата нејзина; и престана поморот на синовите Израилеви.

9А умрените од помор беа дваесет и четири илјади.

10И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

11»Финес, синот на Елеазара, син на свештеникот Арон, ја одврати јароста Моја од синовите Израилеви, покажувајќи меѓу нив ревност за Мене, и Јас не ги истребив синовите Израилеви во ревноста Своја.

12Така кажи им: ‚ете, Јас му давам мирен завет;

13и тој ќе биде за него и за потомството негово по него завет на вечно свештенство, затоа што покажа ревност за својот Бог и Го омилостиви за синовите Израилеви.‘«

14Името на убиениот Израилец, кој беше убиен со Мадијамката, е Замври, син на Сало, началник на Симеоновото поколение;

15а името на убиената Мадијамка е Хазва; таа беше ќерка на Сура, началник на Мадијамското племе Омот.

16Пак му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

17»Сметајте ги за непријатели Мадијамците и поразувајте ги,

18зашто тие со подмолноста своја постапуваа непријателски спрема вас, соблазнувајќи ве со Фегора и со Хазва, ќерката на мадијамскиот началник, нивна сестра, убиена во денот на поморот поради Фегор.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help