1Праведниот умира и никој не се загрижува; и благочестиви мажи се грабат за земјата, и никој не помислува дека праведникот од зло се оттргнува.
2Тој оди во мир; оние што одат по правиот пат, ќе почиваат на леглата свои.
3Но приближете се вие тука, синови на маѓепсница, семе на прељубодеец и на блудница!
4Со кого се подбивате? Против кого отворате уста и го покажувате јазикот? Не сте ли деца на престап, семе на лагата,
5кои сте запалени од похотта кон идоли под секое гранчесто дрво, кои колете деца покрај потоци, меѓу пукнатини на карпи?
6Во мазните камења на потоците е твојот дел; тие, тие се твој жреб, ним им правиш ти прелив и им принесуваш жртва: можам ли Јас да бидам од тоа задоволен?
7На висока и голема планина го поставуваш леглото свое, и таму е качуваш да принесуваш жртва.
8Зад вратата и зад довратниците ги ставаш твоите спомени; зашто, кога ќе се одвратиш од Мене, ти се разголуваш и се качуваш; го прошируваш леглото свое и се договараш со оние од нив, со кои сакаш да лежиш и го погледуваш местото.
9Ти си одела и кај царот со миризливо масло и си ги умножувала твоите мириси, и далеку си ги испраќала своите гласници и си се понижувала до пеколот.
10Од долгиот пат ти си се заморувала, но не рече: »Надежта е изгубена!« Сѐ уште си наоѓаш живот во раката своја, и затоа не почувствува слабост.
11А од кого се уплаши и застраши, па стана неверна и престана да Ме помниш и да пазиш во срцето свое? Не е ли затоа што Јас молчев, што молчев долго, та ти престана да се плашиш од Мене?
12Ќе ја објавам твојата правда и твоите дела, и тие нема да бидат во твоја полза.
13Кога ќе повикаш, ќе те спаси ли она што си го собрала? – Сето тоа ветрот ќе го однесе, ќе го развее; а кој се надева на Мене, ќе ја наследи земјата и ќе ја владее Мојата света гора.
14Ќе се рече: »Срамнете, рамнете, израмнете го патот, кревајте ги пречките од патот на Мојот народ.«
15Зашто вака вели Високиот и Возвишениот, вечно Живиот Светец и Неговото име: »Јас живеам на небесната височина и во светилиштето, но сум со оние што имаат скрушено срце и смирен дух, за да го оживувам духот на смирените и да ги ожувувам срцата на скрушените.
16Зашто нема вечно да се заканувам, ниту докрај да се гневам; инаку ќе падне пред Мене секој дух и секој здив што сум го создал.
17Заради беззаконието на неговата лакомост Јас се разгневив и го поразив, се сокрив и негодував; но тој откако се одврати, отиде по патот на срцето свое.
18Ги видов патиштата негови, но ќе го излекувам, ќе го водам и ќе го утешувам, него и оние што го жалат.
19Јас ќе го исполнам словото: мир, мир на далечен и на ближен, вели Господ, и ќе го излекувам.«
20А нечесните се како разбрането море, кое не може да се смири, и чии води исфрлаат тиња и кал.
21Мир нема за нечестивите, вели Господ Бог.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.