1 Летописи 15 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Ковчегот на заветот пренесен на своето место.

1Тогаш си изгради тој палата во Давидовиот град, подготви место за Ковчегот Божји и направи скинија за него.

2И рече Давид: »Никој не смее да го носи Ковчегот Божји, освен левитите, бидејќи нив ги избра Господ, за да го носат Ковчегот на Бога и да му служат засекогаш.«

3И ги собра Давид сите Израилци во Ерусалим, за да го внесат Ковчегот Господов на местото негово, што беше го поставил за него.

4Па ги свика Давид синовите Аронови и левитите:

5од синовите Каатови, началникот Урил и браќата негови – сто и дваесет души;

6од синовите Марариеви, началникот Асаија и браќата негови – двесте и дваесет души;

7од синовите Гирсонови, началникот Јоила и браќата негови – сто и триесет души;

8од синовите Елисафанови, начланикот Семеја и браќата негови – двесте;

9од синовите Хевронови, началникот Елиила и браќата негови – осумдесет;

10од синовите Озиилови, начланикот Аминадава и браќата негови – сто и дванаесет.

11И ги повика Давид свештениците: Садока и Авијатара, и левитите: Урила, Асаија, Јоила, Семеја, Елиила и Аминадава,

12и им рече: »Вие, началници на левитските родови, осветете се, вие и браќата ваши, и однесете го Ковчегот на Господа, Бога Израилев, на местото, што сум му го подготвил;

13и поради тоа што порано не го вршевте вие тоа, Господ, Бог наш, нѐ раздели, затоа што не Го баравме, како што требаше.«

14И се осветија свштениците и левитите, за да го носат ковчегот на Господа, Бога Израилев.

15И синовите левитски го понесоа ковчегот Божји, како што беше заповедал Мојсеј според словото Господово, на раменици, со лостови.

16Тогаш Давид им заповеда на левитските началници да ги постават браќата свои певци со свирки – псалтири, гусли и кимвали, да разгласат со висок радосен глас.

17Левитите го поставија Јоиловиот син Етана, и од браќате негови – Варахиевиот син Асаф, а од синовите Мерариеви, нивни браќа – Кисеовиот син Етан;

18и со нив браќата нивни, второстепени: Захарија, Озила, Семирамота, Јеила, Ананија, Елијава, Ванеја, Масија, Мататаија, Елифала, Макенија и Авдеда, Јеила и Озија вратари.

19Еман, Асаф и Етан свиреа високо на бакарни кимвали,

20а Захарија, Озиил, Семирамот, Јехил, Ананиј, Елиав, Масија и Ванеја – на псалтири, со тенок глас.

21А Мататија, Елифала, Макенеј, Авдедом, Јеил и Озија – на гусли, за да преземаат.

22Хоненија, пак, началник левитски, беше учител по пеење, зашто беше вешт во пеењето.

23Варахија и Елкана беа вратари при Ковчегот.

24Совенија, Јосафат, Натанаил, Амасија, Захарија, Ванаја и Елиезер, свештеници, трубеа со труби пред Ковчегот Божји. Авдедом и Јехија беа вратари при Ковчегот.

25И така Давид и старешините Израилеви и илјадниците отидоа да го пренесат Ковчегот на заветот Господов од домот на Авдедома со веселба.

26И кога Бог им помогна на левитите, што го носеа Ковчегот на заветот Господов, заклаа како жртва седум телиња и седум овни.

27Давид беше огрнат со наметка од тенко платно, а исто така и сите левити, како и певците што го носеа Ковчегот, Хоненија, кој раководеше со свирачите и со певците. Давид носеше и ленен ефод.

28И така сиот Израил го внесуваше Ковчегот на заветот со извици, при звуци од рог, труби и кимвали, свирејќи на псалтири и гусли.

29Кога Ковчегот на заветот Господов влегуваше во Давидовиот град, Мелхола, Сауловата ќерка, гледаше од прозорецот и, откако го виде царот Давид како игра и се весели, го презре во срцето свое.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help