Рута 4 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Список на племето Давидово.

1Воз излезе пред градските порти и таму седна. И ете, минува оној роднина, за кого говореше Воз. И му рече: »Наврати и седни тука!« Тој наврати и седна.

2Воз повика десетина од градските старешини и рече: »Седнете тука!« И тие седнаа.

3И Воз му рече на роднината: »Ноемин, која што се врати од моавските полиња, го продава делот од нивата, која му припаѓа на братот наш Елимелех;

4јас решив да ти јавам и да ти кажам: ‚Купи го пред седнативе тука и пред старешините на мојот народ ако сакаш да го откупиш, откупи го; ако, пак, не решиш да го откупиш, кажи ми, за да знам, зашто, освен тебе, нема кој да го откупи, а по тебе сум јас.‘« Тој одговори: »Јас ќе го откупам.«

5Воз рече: »Штом ја откупуваш нивата од Ноемин, треба да купиш и од Моавката Рут, жена на умрениот, и неа треба да ја земеш, за да го востановиш името на умрениот во наследството негово.«

6А оној роднина одговори: »Јас не можам да ја откупам, за да не си го растурам моето наследство; земја ја ти, зашто јас не можам да ја земам.«

7Порано кај Израилот, кога се откупуваше и разменуваше нешто, заради потврдување постоеше обичај: едниот ја собуваше обувката своја и му ја даваше на другиот, кој го примаше правото на родство, и тоа служеше како сведоштво кај Израилот.

8И оној роднина му рече на Воз: »Откупи го ти!« И ја собу обувката своја, и му ја даде.

9И Воз им кажа на старешините и на целиот народ: »Вие сте сега сведоци, дека јас го купувам од Ноемин сето Елимелехово и сето Хелеоново и Малоново наследство;

10исто така ја земам за жена и Моавката Рут, Малоновата жена, за да го востановам името на умрениот во делот негов, та да не исчезне името на умрениот меѓу браќата негови и племето негово; вие сте ми денес сведоци за тоа.«

11И сиот народ, што беше при градските порти, и старешините рекоа: »Ние сме сведоци. Нека даде Господ, жената, која влегува во куќата твоја, да биде како Рахил и Лија, кои и обете го издигнаа домот Израилев; збогатувај се во Еуфрат, и нека се слави името твое во Витлеем;

12и домот твој да биде како домот на Фареса, кого Тамар му го роди на Јуда од семето, кое Господ ќе ти го даде од таа млада жена.«

13И Воз ја зеде Рут, и таа му стана жена. И тој влезе при неа, и Господ ѝ даде, та зачна и роди син.

14И ѝ велеа жените на Ноемин: »Нека е благословен Господ, зашто не те остави денес без наследник! И нека биде славно името негово во Израилот.

15Тој ќе ти биде утеха и прехрана во старите денови твои, зашто е рожба на снаата твоја, која те сака и кој ти вреди повеќе од седум синови.«

16И Ноемин го зеде детето и го носеше во прегратките свои и му беше негователка.

17Сосетките му дадоа име, велејќи: »На Ноемин ѝ се роди син«, и го нарекоа Овид. Тој е татко на Јесеја, таткото Давидов.

18И еве го родот Фаресов: Фарес го роди Есрома;

19Есром го роди Арама; Арам го роди Аминадава;

20Аминадав го роди Наасона; Наасон го роди Салмона;

21Салмон го роди Воза; Воз го роди Овида;

22Овид го роди Јесеја; Јесеј го роди Давида.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help