Мудри Соломонови Изреки 17 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Устата на праведниците и беззакониците; мудроста во животот.

1Подобро сув залак и со него мир, отколку куќа полна со заклан добиток, но во раздор.

2Разумен слуга господари над развратник и со браќата ќе го подели наследството.

3Топилницата е за сребро, печката – за злато, а срцата Господ ги испитува.

4Лош човек се вслушува во беззакона уста; праведникот лажлива уста не слуша.

5Кој се подбива со сиромав, Создателот Му го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет, а милосрдниот ќе биде помилуван.

6Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родителите ниви. Во верникот има огромно богатство, а во неверниот нема ни пара.

7На безумен умен збор не му прилега, уште повеќе на големец – лажлива уста.

8Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го има: каде и да се сврти ќе успее.

9Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател.

10Врз разумниот посилно дејствува прекорот, безумниот – и кога го бијат не чувствува.

11Будалиот бара само зло, затоа жесток ангел ќе биде испратен против него.

12Подобро човек на сретне мечка, чии мечиња се грабнати, отколку безумен во неговото безумство.

13Кој враќа зло за добро, злото нема да ја напушти куќата негова.

14Почеток на караницата е како кога водна брана се отвара: отстапи од караницата пред да се разгори.

15Кој оправдува нечесен и кој обвинува праведен – и обајцата се одвратност пред Господа.

16Што ќе му се пари во рацете на безумен? За да купи мудрост, но тој нема разум. Кој си прави висока куќа, бара да се сотре, а кој се остранува од учењето, запаѓа во беда.

17Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на неволја.

18Малоумен човек дава рака и се залага за ближниот свој.

19Кој сака караници, го сака гревот, и кој високо ја издига вратата своја, бара да падне.

20Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ќе западне во беда.

21За таткото на безумен нема радост, а разумниот син ја весели својата мајка.

22Веселото срце е како лек благотворно, а паднатиот дух коски суши.

23Не се прави патиштата на нечесните што земаат подароци; нечесните го искривуваат патот на правосудието.

24Мудроста е пред лицето на разумниот, а очите на безумниот се на крајот од земјата.

25Безумен син е мака за таткото и огорчување за мајката.

26Не е добро да го казнуваш правиот, ниту кнезовите да го бијат оној што исправно работи.

27Разумниот е воздржан во зборовите свои, трпеливиот е подобар од оној што бара знаење.

28И безумниот кога молчи за мудар го сметаат, и кој ја затвара устата своја – за разумен го сметаат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help