1Таа го запази прво обликуваниот татко на светот кој беше создаден еден единствен и го избави од неговото сопствено паѓање:
2таа му даде сила да владее над сѐ.
3А кога во гневот свој грешникот ќе отстапи од неа – загинува во братоубиствената омраза,
4Кога поради него потоп дојде, пак мудроста ја спаси земјата и праведникот го заштити на еден мал кораб.
5И пак, кога се народите сложни во лошо едномислие, мудроста го наоѓа праведникот и го запазува безукорен пред Бога и го пази цврст во нежноста спрема неговиот син.
6Кога изгинаа безбожниците, таа го спаси праведникот, кој избега од огнот што беше паднал од небото врз пет градови,
7од што за сведоштвото на безбожноста остана да дими опустошената земја и растенијата, чиј плод е ненавремен, а зза споменик на една неверна душа е столбот од сол, кој стои таму.
8Зошто тие, откако ја презреа мудроста, не само што си нанесоа повреда, затоа што не го познаа доброто, туку на живите им оставија и спомен за својата безумност, за да не можат да го сокријат она во што се беа заблуделе.
9А мудроста ги спасува од маки оние, кои ѝ служат.
10Таа го учеше на прави патишта избеганиот праведник од гневот на неговиот брат, му го покажа царството Божјо и му подари знаење за светињите, му помогна во маките и трудовите негови изобилно ги награди.
11Кога од алчност беше навредуван, таа застана пред него и го збогати,
12го запази од неговите непријатели, го стави во безопасност кога подмолно го напаѓаа; во жестоката борба – победа му подари, за да знае дека побожноста е од сѐ најсилна.
13Таа не го остава продадениот праведник, а го спасува од грев;
14таа слегна со него, и во затворот не го остави во вериги, а потоа му донесе царски скиптар и власт над оние што го измачуваа, покажа дека се лажни обвинувањата против него и слава вечна му подари.
15Таа го ослободи народот и родот беспрекорен од неговите мачители.
16Му влезе во душата на слугата Господов и тој ги нападна страшните цареви со чуда и знаци.
17Таа ги наградува светиите за нивните трудови, по чуден пат ги води, дење им е закрил од жештината, а ноќе – ѕвездена светлина.
18Таа ги преведе преку Црвеното Море, ги преведе преку голема вода.
19А непријателите нивни ги издави, а потоа ги исфрли од длабината на бездната.
20И така, праведниците им го одзедоа оружјето на неправедниците и со него го прославија името Твое, Господи, а раката Твоја победничка – еднодушно ја прославија;
21зашто мудроста им ја отвори устата на немите и детските јазици ги направи разбирливи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
