1Вака рече Господ: оди, купи глинена стомна од кај грнчарот; поведи ги со себе најстарите од народот и свештеничките старешини.
2Па излези во долината на синовите Еномови, која се наоѓа пред Источната порта, и објави ги таму зборовите, што ќе ти ги кажам,
3и кажи: цареви јудејски и жители ерусалимски, чујте го словото Господово! Вака вели Господ Саваот, Бог Израилев – еве, Јас ќе испратам врз ова место зло, и кој ќе чуе за тоа, ќе му пиштат ушите,
4зашто Ме оставија и туѓо го направија ова место, па кадат во него на туѓи богови, кои не ги познавале ни тие, ниту татковците нивни, а ни јудејските цареви; го исполнија ова место со невина крв,
5и му подигнаа светилиште на Ваала, за да ги горат синовите свои со оган како сепаленица за Ваала, што Јас не сум заповедал, не сум зборувал и што на ум не Ми доаѓало.
6Затоа, еве, идат дни, вели Господ, кога ова место нема веќе да се наречува Тофет, односно долина на синовите Еномови, туку долина за убивање.
7И ќе го уништам советот на Јуда и на Ерусалим во ова место и ќе дозволам да паднат од меч пред очите на непријателите нивни и од раката на оние, што ја сакаат душата нивна, и турповите нивни ќе им ги дадам како храна на птиците небески и на ѕверовите земни.
8И ќе го направам овој град за ужас и поруга; и секој, што ќе минува низ него, ќе се чуди и ќе си потсвирнува, гледајќи ги многуте рани негови.
9И ќе ги нахранам со телата на синовите нивни и со телата на ќерките нивни; и секој ќе го јаде телото на својот ближен, кога ќе се наоѓа во опсада и во тесно, кога ќе ги притскаат непријателите нивни и оние, што ја сакаат душата нивна.
10Па скрши ја стомната пред очите на луѓето, што ќе дојдат со тебе,
11и кажи им: вака вели Господ Саваот – така ќе го разбијам тој народ и тој град, како што е скршен овој грнчарски сад, кој веќе не може да стане цел, и ќе ги погребуваат во Тофет, поради немање место за погребување.
12Така ќе постапам со тоа место, вели Господ и со неговите жители; и тој град ќе го направам сличен на Тофет.
13А куќите на Ерусалим и куќите на царевите јудејски – ќе бидат како местото Тофет: нечисти, зашто врз покривите на сите куќи кадеа на цалата војска небесна и извршуваа преливи на туѓи богови.
14Тогаш дојде Јеремија до Тофет, каде што го беше испратил Господ да пророкува, и застана во дворот на домот Господен и му рече на сиот народ:
15вака вели Господ Саваот, Бог Израилев – еве, ќе испратам врз овој град и врз сите нивни градови секакво зло, што го изреков против него, бидејќи тие се тврдоглави и не ги слушаат зборовите Мои.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
