Исус Навин 13 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Поделба на земјата.

1Кога Исус остаре и беше во напредна возраст, Господ му рече: »Ти остаре и веќе си во напреднати години, а останува уште многу да се завладее.

2Остануваа уште овие земји: сите филистимски предели, Гесур и Ханан,

3ненаселениот ханански крај од Египет дури до границите на Акарон на север, им припаѓа на пет филистимски области: Газа, Азот, Аскалонит, Гет Акаронит и Евеја.

4Од Теман, пак, целата Хананска земја спрема Газа и Сидон, до Афек, дури до аморејските граници.

5исто така целата земја Гавла филистимска и целиот Ливан од исток, од Галгал, што е под планината Ермон, до влезот во Емат.

6Сите планински жители од Ливан до Масерфот – Маим, сите сидонци Јас ќе ги изгонам пред синовите Израилеви. Па раздели му ја со жреб на Израилот, како што ти заповедав;

7раздели ја оваа земја сега како дел од наследството на деветте племиња и на племето Манасиево – од Јордан дури до Големото Море на запад; ним дај им ја: Големото Море нека биде граница.«

8А племето Рувимово и Гадово, со другото полуплеме Манасиево, го добија својот дел од Мојсеја од онаа страна на Јордан, на исток, како што им беше дал Мојсеј, слугата Господов,

9од Ариор, кој е до устието на потокот Арнон, и градот, кој е среде долината, и целиот Мисор од Медаван;

10исто така сите градови на аморејскиот цар Сион, кој царуваше во Есевон дури до пределите на амонитските синови,

11како и Галад и Гесурската и Мехадската област, и целата планина Аермон и целиот Васан до Елхи,

12целото царство Огово во Васан, кој царуваше во Астарот и во Едраин. Тој сам остана од исполините, кого Мојсеј го порази и уби.

13Но Израилевите синови не ги изгонија жителите на Гесур и Махад и Ханан, и Ресурците и Махатците жевеат меѓу Израилот и до ден денешен.

14Само на Левиевото племе не му даде наследство; Господ, Израилевиот Бог, е негово наследство, како што му беше рекол Господ; а ова се деловите, што им ги определи Мојсеј на синовите Израилеви според племињата нивни во Аравот Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон:

15на племето на Рувимовите синови според родовите нивни Мојсеј им даде дел:

16нивните предели беа од Ариор, што е спрема долината Арнонска, и градот, што е во долината Арнонска,

17и сета земја Мисорска дури до Есевон и Девор и Вамот Вал,

18И Јаса, и Кадимот, и Мифат, и

19Кариатем, и Севам и Сард,

20и Сиор на планината Енак, и Бетфагор, и Асидот – Фасга, и Витсимут;

21сите градови Мисорски и целото царство на аморејсиот цар Сион, кој царуваше во Есевон, и кого го уби Мојсеј, како и мадијамските старешини Евија, и Роком, и Сур, Ур и Ровек, сиорски кнезови, што живееја во таа земја;

22исто така и врачот Валаам, Веоровиот син, го убија со меч Израилевите синови во борбата.

23Предел на Рувимовите синови беше Јордан. Тоа беше делот на Рувимовите синови според племињата нивни, – градовите и селата нивни.

24Мојсеј им даде наследство и на Гадовите синови, според племињата нивни:

25нивни предели беа Јазир и сите галадски градови и половината од земјата на Амоновите синови до Ароир, што е пред Рават;

26и земјите од Есевон до Рамот кај Масфе и Вотаним и Манаим до Дивировите предели,

27а и во Емек Витарам, и Витнамра, и Сахот Сафон, остаток од царството на есевонскиот цар Сион; неговата граница беше Јордан до Хенеретското Море од онаа страна на Јордан, кон исток.

28Тоа е наследството на Гадовите синови според племињата нивни, – градовите нивни и селата нивни.

29Мојсеј му даде дел и на полуплемето Манасиево, според родовите нивни;

30нивни предели беа: од Манаим, и целот царство Васанско, и целото царство на васанскиот цар Ог и сите села Јаирови во Васан – шеесет градови;

31а половината од Галад, и во Астарот и во Едраин, градови царски на Ог Васански, тие им беа дадени на синовите од Махира, Манасиев син, и половина на Махировите синови, според родовите нивни.

32Тоа е наследство што им го даде Мојсеј во Аравот Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон, кон исток.

33А на Левиевото племе Мојсеј не ме даде дел: Самиот Господ, Бог Израилев, е нивни дел, како што им беше рекол Он.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help