2 Летописи 3 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Изведување на работите при изградбата на храмот; местото, размерите и материјалот за изградбата.

1И почна Соломон да го гради домот Господов во Ерусалим, на гората Аморија, која му ја определи Господ на татка му Давида, на она место, што го беше подготвил Давид, врз гумното на Јевусеецот Орна.

2А почна да го гради на вториот ден од вториот месец во четвртата година од своето царување.

3Основата, положена од Соломона при градењето на домот Божји, беше следна: должина шеесет лакти, по старата мерка, а широчина – дваесет лакти;

4а тремот пред домот беше долг колку ширината на домот – дваесет лакти, висок, пак, – сто и дваесет. Одвнатре го позлати со чисто злато.

5А главниот дом го обложи со кипарисово дрво, го опкова со чисто злато и изработи на него палми и веришки.

6Го украси домот со скапоцени камења за да биде убав; а златото беше парваимско злато.

7Го опкова со злато домот, гредите, праговите, ѕидовите негови, прозорците и вратите негови, а по ѕидовите изваја херувими;

8и направи Свајата Сватих: должината нејзина според широчината на домот – дваесет лакти, и широчината нејзина – дваесет лакти; и ја покри со шестотини таланти чисто злато.

9Тежината на клиновите беше: секој клин педесет сикли злато. И горните одаи ги опкова со злато.

10А во Свјатајта Свјатих направи два херувима од дрво што не гние, резбарска работа, и ги опкова со злато.

11Крилата на херувимите им беа во должина дваесет лакти: едното крило, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, исто така пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим;

12исто така и едното крило на другиот херувим, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим.

13Крилјата на херувимите беа раширени на дваесет лакти; и тие стоеја на нозете свои со лицето кон храмот.

14Направи завеса од сина, пурпурна и темно црвена ткаенина и од висон, а на неа изобрази херувими.

15Пред храмот направи два столба, високи по триесет и пет лакти, и капители одозгора – секој од по пет лакти.

16Направи и веришки, како во светилиштето, и ги положи врз столбовите; направи и сто нарови, кои ги постави на веришките.

17Ги постави столбовите пред храмот: едниот десно, другиот лево, и десниот го нарече Јихин (Исправување), а левиот Воаз (тврдина).

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help