Книга Естир 2 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Се бара друга царица; Естира станува царица; нов заговор против царот Артаксеркс.

1Откако стивна гневот на царот Артаксеркс, тој се сети на Астин и на она, што го направи таа и за решението за неа.

2И рекоа царевите слуги, кои му служеа: »Да се побараат за царот млади и убави девојки,

3а царот да определи во сите области на царството пратеници, што ќе ги соберат сите млади и убави на изглед девојки во престолнината Суза, во женскиот дом под надзор на царскиот евнух Хигеј, чувар на жените, и да им дадат сѐ што е потребно за дотерување.

4И која девојка ќе му се свиди на царот, таа да стане царица место Астин.« Му се допаднаа на царот тие зборови, и тој постапи така.

5Имаше во престолнината Суза еден Јудеец, по име Мардохеј, син на Јаира, син на Семеја, син Кисеев, од Венијаминовото племе.

6Тој беше преселен од Ерусалим со плениците, изведени заедно со јудејскиот цар Јехониј, што го беше преселил вавилонскиот цар Навуходоносор.

7Тој ја воспитуваше Адаса – а таа е Естир – ќерка на чичко му, бидејќи таа немаше ни татко ни мајка. Таа девојка имаше тенка става и убаво лице, а по смртта на татко н, Мардохеј ја прибра при себеси место ќерка.

8Кога беше објавена заповедта на царот и указот негов, и откога беа собрани многу девојки во престолнината Суза под надзор на Хигеја, тогаш беше земена и Естира во царскиот дом под надзор на Хигеја, чуварот на жените.

9Таа девојка му се свиде и ја задоби неговата наклоност, и тој побрза да ѝ даде масла и си, што ѝ припаѓа, и да ѝ определи седум достојни девојки да бидат при неа, во царскиот дом, па ја премести неа и девојките нејзини во најубавото одделение на женскиот дом.

10Естира не го кажуваше ни народот свој, ни потеклото свое, бидејќи Мардохеј ѝ беше заповедал да не кажува.

11И секој ден Мардохеј доаѓаше во дворот на женскиот дом, за да дознае за дравјето на Естира и што станува со неа.

12Кога доаѓаше времето на секоја девојка да влезе при царот Артаксеркс, откако двенаесет месеци по ред беше извршувано над неа сѐ, определено за жените, – зашто за толку време продолжуваа дните на дотерувањето нивно: шест месеци со смирново масло и шест месеци со благопријатни мириси и со други женски работи –

13дури тогаш девојката влегуваше при царот. И што и да побараше таа, ќе ѝ дадеа и со тоа одеше од женскиот дом во домот на царот.

14Вечерта таа влегуваше и утредента се враќаше во друг женски дом под надзор на царскиот чувар на наложниците; и веќе не влегуваше при царот, – освен ако царот ја побараше, и ќе ја повикаа по име.

15Кога дојде време за Естира, ќерка на Аминадава, чичко Мардохеев, кој ја беше прибрал при себеси место ќерка, – да оди при царот, таа не побара ништо, освен она, што ѝ го кажа царскиот дворјанин Хигеј, чувар на жените. И Естира им се свиде на сите што ја видоа.

16И беше земена Естира при царот Артаксеркс, во неговиот царски дом, во десеттиот месец, односно во месецот Тевет, во седмата година на царувањето негово.

17Царот ја засака Естира повеќе од сите жени, и таа ја доби неговата благонаклоност и љубов повеќе од сите девојки; тој ѝ стави на главата царски венец и ја постави за царица место Астин.

18И царот им приреди голема гозба на сите свои кнезови и слуги при него, – гоштевање поради Естира и им даде олеснувања на областите и раздаде подароци со царска штедрост.

19И кога вториот пат беа собрани девојките, и Мардохеј седеше при царската врата,

20Естира сѐ уште не говореше за своето потекло и за народот свој, според она како што ѝ беше заповедал Мардохеј; и зборот на Мардохеја го исполнуваше и сега така, како и кога беше при него на воспитување.

21Во тоа време, кога Мардохеј седеше пред царската порта, двајцата царски дворјани Гавата и Тара, кои го чуваа прагот, се озлобија поради тоа што беше претпочитан Мардохеј, па размислуваа како да стават рака врз царот Артаксеркс.

22Кога дозна за тоа, Мардохеј ѝ соопшти на царицата Естира, а Естира му кажа на царот од името на Мардохеја.

23Работата беше испитана и се утврди дека е тоа вистина, и тие двајцата беа обесени на дрво. И тоа се запиша во книгата на летописот царски.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help