1Племето на Јудините синови, според родовите нивни, го доби овој предел: граница до Идумеја им беше пустињата Син кон Лив и дури до Кадис на југ.
2Нивната јужна граница беше дел од Соленото Море, што се простира на југ;
3на југ таа оди кон Акравим на возвишението, го обиколува Син, влегува од југ кон Кадис-Варни, излегува на Есрон и се протега до Адар, оди на запад од Кадис и свртува кон Акрак,
4потоа излегува на Асемон, оди кон Египетската долина, така што крајот на таа граница е морето. Тоа е нивната јужна граница.
5Границата на исток и целото Солено море, до крајот на Јордан; а границата на север почнува од Соленото Море до крајот на Јордан;
6оттука границата оди кон Витагла, мунува на север кон Ветара и оди угоре до каменот на Рувимовиот син Веор;
7потоа границата се спушта кон Давир од долината Ахор на север свртува кон Галгал, кој е спроти возвишението Адамин на југ од потокот; потоа границата преминува кон источните води и завршува кај Рогил;
8оттука границата оди угоре кон долината на Еномовите синови, на југ од Јевус, кој е Ерусалим; и границата оди по врвот на гората, што е на запад спроти Еномовата долина кон морето до крајот на Рефаимската долина на север;
9од врвот на гората границата свртува кон изворот на водите Нефтоах и оди преку гората Ефрон; и границата свртува кон Ваал, а тоа е градот Јарим;
10потоа границата свртува од Ваал кон морето и оди кон планината Сир и излегува на север зад градот Јарим, кој и Хаслон, слегува кон градот на сонцето и мине на југ;
11оттука границата оди на север позади Акарон; границата свртува кон Сакхарон, мунува преку гората на Ваалови стигнува до Јавнил; и границата завршува кај морето. Западната граница е Големото Море.
12Тоа се околните граници на Јудините синови според нивните родови.
13А на Јефоновиот син Халев Исус му даде еден дел меѓу Јудините синови, како што му беше заповедал Господ на Исуса; а му го даде Исус и градот Киријат-Арва, односно таткото Енаков; тоа е градот Хеврон.
14Јефоновиот син Хелав ги истера оттаму трите Енакови синови: Суси, Толмај и Ахим.
15Оттаму Халев тргна против Давираните; порано Давир се нарекуваше Киргејат-Сефер.
16И рече Халев: »Кој ќе го порази Давир и го презеде, ќе му ја дадам ќерката моја Асхан за жена.«
17И го презеде Готонил, син на Кенезеецот, братот на Халев, и тој му ја даде ќерка си Асхан за жена.
18Кога требаше таа да замине, ја посоветува да побара од таткото свој земја, и таа слезе од ослето. Халев ја запраша: »Што сакаш?«
19Таа одговори: »Благослови ме; ми даде јужна земја, дај ми ги и Голат-Маим.« И тој ѝ ги даде Голат-Маим, горните и долните извори.
20Ете тоа е наследството на племето на Јудините синови, според родовите нивни.
21А ова се градовите на Јудините синови, во пределите соседни на Идумеја, на југ: Кавсен, Едраим и Јагур;
22Кина, Димона, Адада,
23Кадес, Асор, и Итнасит,
24Телем, Зиф и Валот,
25Асор новиот, и градот Асером, инаку Асор,
26Ама, Сама и Модада,
27Асергада и Вефталет,
28Асарсула и Вирсавија со селата нивни и предградијата нивни.
29Вал, Авим и Асем,
30Елтолад, Хесил и Ерма,
31Сикелек, Ведевина и Сансана,
32Лавот, Селеим, Аин и Ремон; сите градови се дваесет и девет со селата нивни.
33Во рамнината: Естаол, Сара, Асна и Рамен
34Зано, Ингоним, Тафуа и Инаим,
35Јеримут, Одолам и Немра, Сохо и Азика,
36Сагарим, Адијатаим, Гадира со селата нејзини; четириесет градови со селата нивни.
37Сенам, Адаса, Магдалгад,
38Далан, Масфа, и Јектаил,
39Лахис, Васхат и Еглом,
40Хавон, Ламас и Хатлос,
41Гадирот, Вит-Дагон, Нома и Макид; шеснаесет градови со селата нивни.
42Левна, Атер и Асан,
43Јефта, Асен и Несит,
44Кејла, Ахзев и Мариса и Едом: девет градови со селата нивни.
45Акарон и селата негови, и предградијата негови,
46и од Акарон, Јемна и сѐ што е до Аздот со селата нивни.
47Азот, селата негови и предградијата негови, Газа, со селата нејзини и предградијата нејзини, до самиот Египетски поток и до Големото Море, кое што е граница;
48и на возвишенијата: Сафир, Јефер и Сохо,
49и Рена, град убав, а тоа е Давир,
50Анов, Естемо и Аним,
51Госом, Хилуон и Гилом, единаесет градови со селата нивни.
52Ерев, Есан и Рума,
53Јанум, Вет-Тафуе и Афак,
54Хамата и градот Арво, а тоа е Хеврон, и Сиор – градови девет и селата нивни.
55Маон, Хермел, Зиф и Јета,
56Јездраел, Јекдам и Зано,
57Аким, Гава и Тамна – градови десет со селата нивни.
58Алул, Ветсур и Гедор,
59Марот, Ветанон и Еледекен – шест градови со селата нивни; Теко, Ефрата, односно Витлеем Фагор, Етам, Кулон, Татами, Сорис, Карем, Галим, Ветир и Манохо: единаесет градови со селата нивни.
60Каријат-Вал, а тоа е градот Јарим, и Арева: два града со селата и предградијата нивни;
61Вадаргис и Витарава, Мадон и Сахоха,
62Невсан, градот на сол, и Ингад – шест градови и селата нивни.
63Но Јудините синови не можеа да ги изгонат Јевусејците, жителите на Ерусалим, и затоа Јевусејците живеат со синовите на Јуда во Ерусалим до денес.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.