Книга Естир 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Аман на гозбата кај Естира.

1И дојде царот со Амана на гозбата кај царицата Естира.

2Царот ја запраша Естира исто така и во тој втор ден за време гоштевањето: »Која е твојата желба, царице Естира? Таа ќе биде исполнета; и која е молбата твоја? Макар и за половина од царството, таа ќе биде исполнета.«

3Царицата Естира одговори и рече: »Ако сум нашла милост во твоите очи, царе, и ако на царот му е угодно, нека ми бидат подарени мојот живот, по моја желба, и мојот народ, по моја молба!

4Зашто јас и мојот народ сме продадени да бидеме истребени, убиени и загинати. Да бевме продадени како робови и робинки, јас ќе молчев, макар непријателот и да не ја надомести штетата на царот.«

5Проговори царот Артаксеркс и ја праша царицата Естира: »Кој е тој и каде е тој, кој се осмелил во своето срце да постапи така?«

6Естира му одговори: »Врагот и непријателот е овој злобен Аман!« И Аман затрепери пред царот и царицата.

7И во гневот свој царот стана од гозбата и отиде во градината на дворецот; Аман, пак, остана да ја моли за животот свој царицата Естира, зашто виде дека до царот го чека зло.

8Кога царот се врати од градината при дворецот во домот на гозбата, Аман се беше наведнал кон леглото, на кое седеше Естира. И царот рече: »Сака дури и да ја обесчести царицата во куќата моја!« Излезе зборот од устата на царот, – му го покрија лицето на Амана.

9И рече Арвона, еден од царските слуги: »Еве ја бесилката, што ја беше приготвил Аман за Мардохеја, кој говореше добро за царот, стои во домот на Амана, висока е педесет лакти.« И царот рече: »Обесете го на неа!«

10И го обесија Амана на весилката, што тој ја беше направил за Мардохеја. Тогаш гневот на царот стивна.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help