1Синко, ако ги примиш зборовите на Моите заповеди, и ги зачуваш во себеси,
2ако увото твое внимателно ја слуша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување, ако со нив го поучиш синот твој;
3ако ги повикаш знаењето и разумот;
4ако ги бараш како сребро и ги истражуваш како ризница, –
5ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога.
6Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доаѓа знаењето и разумот;
7Он го зачувува за праведните спасението; Он е штит за оние што одат непорочно;
8Он ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го почитуваат.
9Тогаш ќе ги разбереш правдата и правосудието, правината и секој добар пат.
10Кога мудроста ќе влезе во срцето твое, и знаењето ќе ѝ биде пријатно на душата твоја,
11тогаш расудувањето ќе те брани, разумот ќе те чува,
12за да те спаси од лош пат, од човек, кој говори лага,
13од оние, што ги напуштиле патиштата на правдата, за да одат по пат не темнината;
14од оние, што се радуваат, вршејќи зло, кои се восхитуваат на расипаност,
15чии патишта се криви, и кои талкаат далеку од правиот пат;
16за да те спаси од жената на друг, од туѓа, која ги засладува зборовите свои,
17која го остава пријателот на младоста своја, и која го заборава заветот на својот Бог.
18Домот нејзин води кон смрт, и патеките нејзини – кон пеколот;
19никој од влезените при неа не се враќа никогаш и не стапнува на патот кон животот.
20Затоа оди по патот на добрите и придржувај се за патеките на праведните,
21зашто праведните ќе живеат на земјата, и непорочните ќе опстанат на неа;
22а беззакониците ќе бидат истребени од земјата, и вероломните – искоренети од неа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
