1И му рече Господ на Мојсеја велејќи:
2»Во првиот ден од првиот месец подигни ја скинијата на сведоштвото,
3потоа постави го таму ковчегот на откровението и засолни го со завесата;
4внеси ја трпезата, и постави си што треба да се намести на неа; внеси го и свеќникот, а стави ги и кандилцата на него;
5постави го златниот жртвеник за кадење пред ковчегот на откровението; и закачи завеса пред влезот во скинијата на сведоштвото.
6Постави го и жртвеникот за жртви сепаленици, а постави го и пред влезот во скинијата на сведоштвото;
7стави го мијалникот меѓу скинијата на сведоштвото и жртвеникот, и налеј вода во него;
8огради го дворот наоколу, и закачи ја завесата на вратата од дворот;
9па земи елеј за помазание, и помажи ја скинијата и си што има во неа: и освети ја неа и сите принадлежности нејзини, па ќе биде света.
10Помажи го и жртвеникот за жртви сепаленици и сиот прибор негов, па освети го жртвеникот, и жртвеникот ќе стане пресвет.
11Помажи го и мијалникот, и подножјето негово, и освети го.
12Потоа доведи го пред влезот од скинијата на сведоштвото Арона и синовите негови и измиј ги со вода;
13облечи го Арона во светите одежди и помажи го и освети го, за да Ми принесува жртви.
14Доведи ги и синовите негови, и облечи ги во хитони,
15и помажи ги, како што го помаза таткото нивни, за да Ми принесуваат жртви; и помазанието нивно ќе ги освети за вечно свештенство во нивните поколенија.«
16И направи Мојсеј сѐ, како што му заповеда Господ, така направи.
17Во првиот месец од втората година, во првиот ден во месецот се подигна скинијата.
18Мојсеј ја подигна скинијата: ги исправи диреците, ги провлече напречниците, и ги исправи столбовите;
19па ги распна платништата над скинијата, а над неа ги ставија покривот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
20И, откако го зеде откровението, го стави во ковчегот, и стави ногалки под ковчегот, па го стави очистилиштето одозгора над ковчегот.
21Потоа го внесе ковчегот во скинијата, и ја закачи завесата, та го засолни ковчегот на откровението, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
22И ја постави трпезата во скинијата на сведоштвото од северната страна на скинијата, пред завесата;
23потоа постави на неа лебови за предложение пред Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
24Го намести свеќникот во скинијата на сведоштвото спрема трпезата, од јужната страна на скинијата,
25а ги постави и кандилцата пред Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
26Го постави златниот жртвеник во скинијата на сведоштвото пред завесата,
27и стави на него да гори мирисно кадиво, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
28Ја закачи завесата пред влезот во скинијата;
29потоа го постави и жртвеникот за жртви приносници при влезот во скинијата на сведоштвото, и принесе на него жртва сепаленица, и лебен принос, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
30Го намести и мијалникот меѓу скинијата на сведоштвото и жртвеникот, и налеа во него вода за миење;
31и од него Мојсеј и Арон и синовите негови си ги измија рацете свои и нозете свои;
32а ги миеја кога влегуваа во скинијата на сведоштвото и кога пристапуваа кон жртвеникот да служат, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
33Го огради и дворот околу скинијата и жртвеникот, и ја стави завесата на влезната врата од дворот. Така ја доврши Мојсеј сета работа.
34Тогаш облак ја покри скинијата на сведоштвото и се исполни скинијата со слава Господова;
35и Мојсеј не можеше да влезе во скинијата на сведоштвото, зашто облакот го засенуваше, и славата Господова ја исполнуваше скинијата.
36И кога се креваше облакот од скинијата, тогаш поаѓаа синовите Израилеви на пат со својот имот;
37а кога не се креваше облакот, тогаш ни тие не поаѓаа си до денот, кога ќе се кренеше,
38зашто облакот Господов стоеше над скинијата дење, а ноќе во облакот се појавуваше оган пред очите на целиот дом Израилев, при сите нивни патувања.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.