Мудрост Соломонова 15 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Израилот има вера во вистинскиот Бог.

1Но, Ти, Боже наш, си добар и вистински, долготрпелив и милостиво управуваш со сѐ.

2Ако и грешиме, ние сме Твои и ја признаваме Твојата власт; но ние нема да грешиме, ако знаеме дека сме признати за Твои.

3Знаењето за Тебе е полна праведност, а признавањето на Твојата власт – корен на бесмртноста.

4Нас не нѐ примамува лукавата човечка измислица, ниту бесплодниот труд на уметникот – ликови украсени со различни бои,

5погледот врз кој предизвикува кај безумните копнеж и желба кон бездушниот изглед на мртвиот лик.

6И оние што ги прават, и оние што ги сакаат, и оние што ги почитуваат – сите се љубители на злото и достојни за таквите надежи.

7Грнчарот ја гмечи меката глина и грижливо изработува секаков сад за наша потреба; од една иста глина изработува садови за чиста и за нечиста употреба – за сите еднакво; а за што ќе се употреби секој од нив – одлучува грнчарот.

8И бедниот мајстор од истата глина изработува ништожен бог, кој пред малку и самиот од земја беше создаден и набргу ќе се врати таму, од каде што е земен, и ќе се побара долгот на неговата душа.

9Но тој не се грижи затоа што треба многу да работи, ни затоа што животот негов е краток, но тој се натпреварува со мајстори што прават од злато и сребро различни изработки и се огледува на оние што работат со бакар и се гордее со своите нечистотии.

10Срцето негово е пепел, надежта негова е побезначајна од земниот прав, а животот попрезрен и од калта.

11Зошто не Го својот Создател, Кој му дувнал душа делотворна и Кој му вдахнал дух на живот.

12Тие животот го сметаат за забава, а живеењето за трговија, зашто велат дека од сѐ треба да се извлекува придобивка, та дури и од злото.

13Но, таквиот знае подобро од сите, дека греши со тоа што од земја прави и садови и ликови.

14Но, најнеразумни од сите и помалоумни и од самите доенчиња – се непријателите на Твојот народ, кој го измачуваат,

15зашто ги почитуваат како богови сите пагански идоли, кои имаат очи, а не гледаат; имаат ноздри, а не мирисаат; имаат уши, а не слушаат, нивните прсти не допираат и нивните нозе не одат.

16Иако човекот ги направил, иако ги направил со својот дух, но ниеден човек не може да направи бог, сличен на себеси.

17Бидејќи смртен, со своите нечестиви раце го прави она што е мртво, затоа е над своите божества, зашто тој живеел, а тие никогаш.

18Освен тоа, тие ги почитуваат најодвратните животни, кои се по своето безумие – полоши од сите.

19Тие не се убави дури и по изглед, како другите животни, за да можат да привлекуваат кон себеси, туку се лишени од Божјата пофалба и од Неговиот благослов.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help