1Тогаш синовите Израилеви, целото општество, дојдоа во пустињата Син во првиот месец, и народот се задржа во Кадес; таму умре Маријам, каде што беше и погребана.
2За народот немаше вода, и тие застанаа пред Мојсеја и Арона;
3и роптаа против Мојсеја и велеа: »О, да бевме умреле и ние тогаш, кога умреа нашите браќа пред Господа!
4Зошто го доведовте народот Господов во оваа пустиња, па да изумреме тука ние и добитокот наш?
5И зошто ни изведовте од Египет, па ни доведовте на ова лошо место, каде што не може да се сее, каде што нема ни смокви, ни лозја, ни јаболка, дури ни вода за пиење?«
6Тогаш Мојсеј и Арон се повлекоа од народот, кон влезот од скинијата на сведоштвото, и паднаа ничкум, и им се јави славата Господова.
7И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
8»Земи го жезалот свој и собери го народот, ти и братот твој Арон, и пред очите нивни кажете и на карпата пред нив и таа ќе пушти од себе вода: и така, ти ќе им дадеш вода од карпата и ќе го напоиш народот и добитокот негов.«
9Го зеде Мојсеј жезалот што е пред Господа, како што му заповеда Он.
10И го собраа Мојсеј и Арон народот кај карпата и тој им рече: »Чујте ме, непокорници, зар може од оваа карпа да ви извадиме вода?«
11И ја крена Мојсеј раката своја и удри двапати на карпата со жезалот свој, и потече многу вода, и народот се напи, а и добитокот негов.
12И им рече Господ на Мојсеја и Арона: »Поради тоа што не Ми поверувавте, и не ја пројавивте Мојата светост пред очите на синовите Израилеви, вие нема да го воведете тој народ во земјата, која Јас му ја давам.«
13Тоа е водата кај која синовите Израилеви возроптаа пред Господа, и Он се освети пред нив,
14и испрати Мојсеј пратеници од Кадес до едомскиот цар за да му кажат: »Вака вели братот твој Израил: ти ги знаеш сите тешкотии, што ни снајдоа;
15татковците наши слегоа во Египет, и ние живеевме во Египет долго време, и Египтјаните лошо постапуваа со нас и со татковците наши;
16и повикавме кон Господа, и Он го чу нашиот глас, па испрати Ангел, и ни изведе од Египет; и ете, ние сме сега во Кадес, град до самите твои предели.
17Дозволи ни да минеме преку твојата земја: нема да одиме преку села, ниту преку лозја, и нема да пиеме вода од потоците твои: туку ќе одиме по царскиот пат, и нема да скршнуваме ни десно, ни лево, додека да ги минеме твоите предели.«
18Но Едом им рече: »Не минувај преку мене, зашто со војската ќе излезам против тебе.«
19И му рекоа синовите Израилеви: »Ќе одиме покрај гората, и ако пиеме од водата твоја, јас и добитокот мој, ќе платиме за неа; но нема да има никаква штета, зашто покрај гората ќе минеме.«
20Но тој рече: »Не минувај преку мене!« И Едом излезе против него со многуброен народ и со силна рака.
21И така, Едом не се согласи да му дозволи на Израилот да мине преку неговите предели. И Израил се повлече од него.
22И се кренаа синовите Израилеви од Кадес, и целиот народ стигна до планината Ор.
23И им рече Господ на Мојсеја и Арона на планината Ор, близу до пределите на Едомската земја, велејќи:
24»Нека умре Арон при народот свој, зашто тој нема да влезе во земјата, која Јас им ја давам на синовите Израилеви, затоа што Ме огорчивте кај водата на расправија.
25И земи го братот твој Арона и синот негов Елеазар, и искачи ги на планината Ор пред целиот народ;
26и соблечи ја од Арона облеката негова и облечи го со неа синот негов Елеазар, и нека замине Арон и нека умре таму!«
27И направи Мојсеј така, како што заповеда Господ. Тие се искачија на планината Ор пред очите на целото општество,
28и ја соблече Мојсеј облеката од Арона и го облече со неа синот негов Елеазар.
29И умре таму Арон на врвот од планината, А Мојсеј и Елеазар слегоа од планината.
30И целото општество виде дека Арон умре, целиот Израилев дом плачеше по Арона триесет дена.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.