Откровение 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Петтата труба со првото зло, шестата труба со второто зло.

1Затруби и петтиот ангел, и видов ѕвезда како падна од небото на земјата. И ѝ се даде клучот од кладенецот на бездната;

2па го отвори кладенецот на бездната, и од кладенецот излезе дим како дим од голема печка; сонцето и воздухот потемнеа од димот на изворот.

3И од димот се појавија скакулци по земјата, и им се даде власт, каква што имаат земните скорпии.

4И им се рече: да не ја повредуваат земната трева, ниту какво и да било зеленило, ниту некое дрво, а само оние луѓе, кои немаат печат Божји на челата свои.

5И им се даде не да ги убиваат, туку само да ги мачат пет месеци; и мачењето нивно беше како мачење од скорпија, кога каснува човек.

6Во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.

7По својот облик скакулците личеа на коњи, приготвени за војна: на главите нивни имаше како златни круни, а лицата им беа како лица човечки;

8имаа коси како косите на жени, а забите им беа како заби на лавови.

9И имаа оклопи како оклопи од железо; а шумот на нивните крилја беше како шум на коли со многу коли со многу коњи, кои трчаат во војна.

10Имаа, пак, опашки како скорпиите, а на опашките осила и им беше дадена сила да им пакостат на луѓето пет месеци.

11И за цар над себеси го имаа ангелот на бездната; името негово по еврејски е Авадон, а по Елински – Аполион.

12Едното зло помина, еве идат уште две зла по него.

13И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога,

14кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: »Ослободи ги четирите ангели, врзани при големата река Еуфрат!«

15И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да ја убијат третината од луѓето.

16Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број.

17И така во видение ги видов коњите и оние, кои јаваа на нив, што имаа оклопи огнени и синкасти и сулфурни. Главите на коњите личеа на глави од лавови, а од устата нивна излегуваше оган, дим и сулфур.

18А од тие три зла – огнот, димот и сулфурот, што излегуваа од нивната уста, умре третината од луѓето;

19бидејќи нивната сила беше во нивната уста, а опашките нивни, што личеа на змии, имаа глави со кои пакостеа.

20А другите луѓе, што не загинаа од тие зла, не се покајаа за делата на рацете свои, та да не се поклонуваат ни на ѓаволи ни на идоли златни и сребрени, бакарни, камени и дрвени, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту, пак, да одат;

21и не се покајаа ни за убиствата свои, ни, пак, за вражбите свои, ниту за блудството свое, нити за кражбите свои.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help