1 Царства 28 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Саул кај жената во Ендора.

1Во тоа време Филистејците ги собраа војските свои за војна, за да војуваат против Израилот. А Анхус му рече на Давида: »Знај дека и ти ќе тргнеш со мене во борба, ти и твоите луѓе.«

2Давид му рече на Анхуса: »Сега ќе дознаеш, што ќе направи твојот слуга.« Анхус, пак му рече на Давида: »Затоа ќе те направам пазител на мојата глава засекогаш.«

3Самуил беше умрел, и го оплакуваа сите Израилци и го погребаа во Рама, во неговиот град. А Саул ги беше изгонил меѓепсниците и гатачите од земјата.

4Се собраа Филстејците и отидоа, та се улогорија во Сонам; го собра и Саул сиот народ израилски и се улогорија во Гелвуја.

5Саул го виде филистејскиот логор и се исплаши, и силно му затрепери срцето.

6Тогаш Саул го запраша Господа; но Господ не му одговараше ни на сон ни преку урим, ни преку пророците.

7И им рече Саул на слугите свои: »Најдете ми жена маѓепсница, и јас ќе одам кај неа и ќе ја прашам.« И му одговорија неговите слуги: »Тука во Аендор има жена маѓепсница.«

8И ги соблече Саул алиштата свои и облече други, и тргна тој и двајца луѓе со него, и дојдоа кај жената ноќе. И ѝ рече Саул: »Те молам, гледај ми, и извикај ми, кого што ќе ти кажам.«

9Но жената му одговори: »Ти знаеш, што направи Саул, знаеш дека тој ги истера од земјата гатачите и гледачите; зошто тураш стапица на душата моја, за да ме погубиш?«

10И Саул ѝ се заколна во Господа, велејќи: »Жив ми Господ, нема да ти се случи ништо лошо за тоа.«

11Тогаш жената праша: »А кого да ти го извикам?« Тој одговори: »Извикај ми го Самуила.«

12И жената го виде Самуила и – високо извика; жената се обрна кон Саула и рече: »Зошто ме излага? Ти си Саул.«

13Царот ѝ рече: »Не плаши се; кажи што гледаш?« Жената одговори: »Гледам како ѓоа Господ излегува од земјата.«

14»Каков е тој на изглед?« – праша Саул. Таа одговори: »Излегува од земјата престар маж, облечен во долга облека.« Тогаш Саул дозна, дека е тоа Самуил, падна ничкум на земјата и се поклони.

15И Самуил му рече на Саула: »Зошто ме обеспокојуваш да излегувам?« А Саул одговори: »Многу ми е тешко; Филистејците војуваат против мене, а Бог отстапи од мене и повеќе не ми одговара ни преку пророци, ни на сон, ни во видение; затоа те повикав, за да ме поучиш, што да правам.«

16Самуил одговори: »А зошто ме прашуваш мене, кога Господ отстапил од тебе и станал твој непријател?

17Господ ќе ти го направи тоа, што го говореше преку мене: ќе го одземе Господ царството од рацете твои и ќе му го даде на твојот близок, на Давида.

18Бидејќи ти не го послуша гласот Господов и не го исполни Неговиот јаросен гнев врз Амалика, Господ и го врши тоа сега над тебе.

19Господ ќе го предаде Израилот заедно со тебе во филистејски раце; утре ти и твоите синови ќе бидете со мене, а логорот израилски Господ ќе го предаде во филистејски раце.«

20Тогаш Саул наеднаш падна со целото тело свое на земја, бидејќи многу се исплаши од зборовите на Самуила; притоа и сила немаше во него, зашто не беше јадел леб целиот тој ден и цела ноќ.

21Тогаш онаа жена се приближи до Саула и виде, дека тој многу се уплашил, и рече: »Ете, слугинката твоја го послуша гласот твој, го изложи животот свој на опасност и ја изврши заповедта, што ти ми ја даде;

22сега, молам, послушај го и ти гласот на слугинката твоја: јас ќе ти изнесам залче леб, касни си, и ќе имаш сила, кога ќе тргнеш на пат.«

23Но тој откажа, велејќи: »Нема да јадам.« И почнаа да го советуваат луѓето негови, а исто така и жената; и тој го послуша гласот нивни, стана од земјата и седна на леглото.

24А жената имаше в куќи згоено теле, и побрза та го закла, заде брашно, па замеси и испече погача,

25и им принесе на Саула и на слугите негови, и тие каснаа, станаа и заминаа истата ноќ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help