Јаков 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

За лажливото богатство. Трпеливост спрема браќата. За лесномисленото колнење, за моќта на молитвата и љубовта спрема грешникот.

1Елате сега вие, богатите: плачете и ридајте за страшните маки, што идат на вас.

2Богатството ваше изгни, а алиштата ваши молци ги изгризаа.

3Златото ваше и среброто ви за'рѓа и 'рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше како оган: сте собрале богатство за последните дни.

4Ете, платата, што сте ја задржале од работниците, кои работеа на вашите ниви, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господа Саваот.

5Се веселевте на земјата и се насладувавте, ги потхранивте срцата ваши како за ден на клање.

6Осудивте, убивте праведник; и тој не се бранеше.

7Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господа! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен.

8Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, оти доаѓањето на Господа се приближи.

9Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата.

10Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците, што зборуваа во името Господово.

11Ете, блажени се оние што претрпеа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него.

12А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга клетва, и зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете на суд!

13А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека го фали Господа!

14Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово.

15И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат.

16Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да се исцелите: голема сила има усрдната молитва на праведникот.

17Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд: и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.

18И пак се помоли: и небото даде дожд, и земјата го даде својот плод.

19Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и друг го поврати,

20тој, нека знае, дека оној што обрати грешник од лажливиот пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help