Јеремија 24 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Подобриот и полошиот дел од народот на Јуда.

1Господ ми покажа: и, еве, две кошници со смокви, поставени пред храмот Господен, откако вавилонскиот цар Навуходоносор го изведе од Ерусалим заробениот јудејски цар Јехониј, синот Јоакимов, и јудејските кнезови со дрводелците и ковачите и ги одведе во Вавилон;

2едната кошница беше полна со многу добри смокви, какви што се раните смокви, а втората кошница – со смокви, многу лоши, кои поради лошиот вкус не можеа да се се јадат.

3И ме праша Господ: што гледаш, Јеремиј? – Јас одговорив смокви; убавите смокви се многу добри, а лошите – многу лоши, така што не можат да се јадат, оти не се вкусни воопшто.

4И би слово Господово до мене:

5вака вели Господ, Бог Израилев – како овие добри смокви Јас ќе ги препознаам добрите преселници јудејски, што ги испратив од ова место во земјата Халдејска.

6И ќе ги свртам кон нив очите Мои за нивно добро и ќе ги вратам во оваа земја, и ќе ги подигнам, нема да ги сосипам, и ќе ги посадам, а не да ги искоренам;

7и ќе им дадам срце, за да Ме познаваат, дека Јас сум Господ, и тие ќе бидат Мој народ. Јас пак ќе им бидам нивни Бог, оти тие ќе се обрнат кон Мене од сѐ срце.

8А за лошите смокви, кои не можат да се јадат поради нивниот вкус, така вели Господ: такви ќе ги направам јудејскиот цар Седекија и кнезовите негови, и другите ерусалимци, што ќе останат во оваа земја и што ќе живеат во Египетската земја;

9и ќе ги предадам на зло и тешко страдање во сите земни царства, за поруга и за приказ, за потсмев и за проклетство по сите места, каде што ќе ги растурам.

10Па ќе испратам врз нив меч, глад и помор, додека не ги истребам од земјата, која им ја дадов ним и на татковците нивни.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help