Јов 12 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Третиот говор на Јов: Божјата мудрост се појавува во Неговите дела.

1Пак одговори Јов и рече:

2»Само вие ли сте луѓе, и со вас ли ќе исчезне мудроста!

3И јас знам да мислам како вас; и во ништо не сум подолен од вас; и кој не го знае истото тоа?

4за потсмев станав јас на пријателот свој, јас што го повикував Бога, и Кој ми одговараше, – за потсмев е – праведниот и непорочниот човек.

5Несреќниот треба да се презира – тие мислат, да се удира по оној, чии нозе се сопнуваат.

6Спокојни се шаторите на крадците и безопасни на оние што Го гневат Бога, ним Бог им дава сѐ.

7Но, прашај го добитокот, и ќе те научи; запрашај ја небеската птица, и ќе ти објасни.

8Гуштерите ќе те поучат, ќе ти кажат и морските риби.

9Кое од сите созданије не знае, дека раката на Господа го создала?

10Но Неговата рака е душата на сѐ што е живо и духот на секоја човечка плот.

11Нели увото ги разбира зборовите, и нели јазикот го распознава вкусот на храната?

12Кај старците има мудрост, а кај долговечните – разум.

13Но во Него има мудрост и сила, Негови се решението и разумот.

14Она што Он ќе разурне, нема да се изгради: кого Он ќе заговори, нема да се ослободи.

15Да ги запре водите, и сѐ ќе се исуши; да ги пушти, и земјата ќе ја разрушат.

16Во Него е силата и сета мудрост, пред Него е оној, што е заблуден, и оној што воведува во заблуда.

17Он ги приведува советниците во необмисленот и ги прави судиите безумни.

18Он ги лушува царевите од власт и го врзува со јаже крстот нивни;

19на кнезовите им го одзема достоинството и силните ги кутнува;

20им го одзема јазикот на гордите и ги лишува од разум старците;

21ги покрива со срам славните и јас ослабнува силата на моќните:

22ја открива темнината во длабините и ја вади на видело смртната сенка;

23ги издигнува народите и ги истребува; ги распрснува и ги собира;

24им го одзема умот на кнезовите земни и ги упатува на безпатна пустиња:

25со пипање одат тие по темнина, без светило, и скитаа како пијани.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help