2. Коринтјаните 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Правење свети дела; наскрбување заради Бога.

1И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји.

2Примете нѐ во срцата ваши: никому не направивме лошо; никого не упропастивме, ниту, пак, некого искористивме.

3Ова не го зборувам за осудување, оти пред малку реков дека сте во срцата наши, за да умреме и да живееме заедно.

4Многу слободно зборувам кон вас, многу се фалам со вас; се исполнив со утеха, преизобилувам со радост покрај сите наши маки.

5Оти, кога дојдовме во Македонија, никаков мир немаше телото наше; во сѐ бевме во маки; однадвор напади, одвнатре страв.

6Но Бог, Кој ги утешува смирените, нѐ утеши со доаѓањето на Тит.

7И не само со неговото доаѓање, но и со утехата, со која се беше утешил тој поради вас, прикажувајќи ни за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата ревност кон мене, така што јас уште повеќе се зарадував.

8Оти, ако сум ве и ожалостил со посланието, не се кајам, иако се каев; бидејќи гледам дека тоа послание ве ожалостило само за малку време.

9Сега се радувам не затоа што се нажаливте, но дека се нажаливте за покајување, оти се наскрбивте по Бога, та никаква штета да не претрпите од нас.

10Бидејќи скрбта по Бога предизвикува неопходно покајување за спасение, а световната мака доведува до смрт.

11Зашто, ете, тоа што се нажаливте по Бога, каква усрдност предизвика во вас, какво извинување, какво негодување, каков страв, каков копнеж, каква ревност, каква одмазда! Со сѐ покажавте дека во тоа дело сте чисти.

12И така, ако и ви напишав, тоа го направив не поради оскрбителот, ниту поради оскрбениот, туку за да стане позната нашата грижа за вас пред Бога.

13Затоа се утешивме со вашата утеха, а уште повеќе се зарадувавме со радоста на Тит, затоа што сите вие сте му го успокоиле духот.

14И затоа, што јас не се посрамив, кога со некои работи се пофалив за вас пред него; но, како што секогаш пред вас сме ја зборувале вистината, така и пофалбата пред Тит ни излезе вистинска.

15Голема е неговата срдечна љубов кон вас, кога ќе се сети за послушноста на сите вас, како со трепет и страв сте го примиле.

16И така, се радувам дека во сѐ можам да се поверам на вас.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help